Asolo Finder GV ML
Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Finder GV ML

Asolo Finder GV ML
Asolo Finder GV ML Asolo Finder GV ML Asolo Finder GV ML
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 3
8,700ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Лесна чевла за планинарење, со женски фит.

Одличната комбинација од водоодбивна кожа и Кордура материјалот, овозможуваат заштита и комфор при движењето, додека пак Екстендед Комфор ГорТекс мембраната, гарантира водоотпорност и дишливост!
Ѓонот има „само-чистечки“ дизајн, а во себе ја содржи и МегаГрип компонентата, која пак овозможува неверојатен грип, стабилност и перформанси, како на влажен, така и на сув терен. 
Во предниот дел, околу и над прстите, поставена е дополнителна заштита над кожата, а системот на врзување кој се користи во овој модел - овозможува многу лесно и брзо затегнување и подесување...

Спецификација:

Материјал: водоодбивна кожа 1,6-1,8мм и Кордура
Мембрана: Gore-Tex Extended Comfort Footwear
Основа: Asoflex OO SR fast
Анатомска влошка: Lite 2
Ѓон: Asolo/Vibram Duo Radiant со MegaGrip компонента
Тежина: 546 грама за чевла со големина 42

За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, finder