За корисник кој сака едноставен уред, со една леќа и прекинувач, но сака и штедлива опција, со батерија на полнење.
Астро 300-Р е модел на челна лампа, која доаѓа со интегрирана 1500mAh литиум-ионска батерија, која може да се полни преку соодвениот микро-УСБ порт вграден во куќиштето и која како што кажува нејзиното име, има 300 лумени во нејзината максимална сила.
Лампата има ниво на водоотпорност IPX4, што значи дека при тестовите, покажала дека може да издржи изложеност на вода/дожд/снег - да паѓа врз нејзе, од сите агли.
Од аспект на сетинзи за моќност на светлина, таа има функции на константна светлина, димер и трепкачка светлина.
Секако, таа поседува и функција на Меморија на светлина, со која лампата се исклучува и вклучува на последното посакувано ниво на моќност, без да имате потреба од почеток да користите димер, за да стигнете до тоа ниво од најниското или највисокото... Исто така, лампата може да се заклучува, со цел да се спречи нејзино несакано вклучување во ранецот.
Тежина: 75гр.
Сноп на светлина: до 55 метри (максимално), 35 метри (средно) и 8 метри (при ниско ниво на селектирана моќност)