Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi e-Omnia FX Type XT 1x12

Bianchi e-Omnia FX Type XT 1x12
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
356,000ден.

Овој модел ќе биде достапен од втората половина на јуни - во големина М и Л!
Резервации: info@outdoor.mk


Од производителот:
Се прашувавме како можеме да креираме е-велосипед за секој тип на возач - решение како луѓето да се движат подобро и поумно низ своите живот.
Решението е Е-Омниа, следниот чекор во електричната револуција на Бјанки. „Омниа“ значи „Се'“, па така, постoи е-Омниа за секој тип на возач.

ПРОЕКТОТ

Мисијата е едноставна: моравме да создадеме нова платофрма за е-велосипед, која ќе биде одговор на потребите на секој возач, од трекери, патувачи и туристи, до урбани истражувачи и искусни планински велосипедисти кои ја бараат следната добра патека.

ЕДНА ПЛАТФОРМА, ТРИ РАЗЛИЧНИ СВЕТА

Тоа што започна со е-СУВ, нашиот до сега врвен електричен модел, од сега го прошируваме со дополнителна линија „перформанс“ модели!
Нашите водечки принципи за е-Омниа, остануваат исти како и за е-СУВ: дизајн, функционалност и интеграција - со постојан фокус на тоа како можеме да го подобриме искуството на возачот.
Во рамките на е-Омниа платформата создадовме три света: Градски, Трекинг и МТБ.
Бјанки секогаш го става возачот на прво место - во центарот на вниманието за време на процесот на дизајнирањето. Со таа цел, создаден е и „онлајн“ конфигуратор за е-Омниа, така што секој возач, индивидуално може да го оформи својот велосипед, согласно своите потреби.

ТЕХНОЛОГИЈА И ФУНКЦИОНАЛНОСТ
е-Омниа платформата во себе инкорпорира сосема нова технологија за да го подобри искуството на корисникот. 
„Гравитациското формирање“ на рамката, овозможува подобра реактивност на алуминиумот, со подобрен пренос на моќта - од возачот на патеката. Овој тип на формирање на рамот, исто така од дизајнерски аспект, овозможува создавање на поубава на лик рамка и пофин финиш. 
Во моделите од оваа платформа, едно од решенијата е и постоење на интегрирани светла - со што му се овозможува на возачот да гледа и да биде виден, независно каде и кога ќе вози со својот е-велосипед. Светлата се поставени напред, назад и странично.

ФОКУС на FX типот од е-Омниа платформата
Во нашиот продажен центар веќе е достапен најмоќниот МТБ модел од е-Омниа платформата. Тој е дизајниран за напредни возачи кои уживаат во возењето по планинските патеки и се во потрага по сериозна забава на две тркала. 

Рамката со двојна суспензија, со 150мм амортизација и 29инчни тркала, го прават овој тип совршен за предизвикувачки авантури, а со моќната батерија, уживањето трае и подолго.

Рамката:
Создадена за 29инчни тркала и двојна суспензија, а асиметричната форма ја заштитува од оштетувања при движења на ланецот. 
Има супер чист лик, благодарение на посебниот финиш кој се користи при изработката и интегрираната стега за колчето.

Моторот:
Во моделите се користи Bosch Performance Line CX моторот со 250 вати и 85 Њутн-метри торк. Тој има четири нивоа на поддршка: Еко, Тур, еМТБ и Турбо и тие покриваат широк опсег на стилови на возење. 
Интегрираната 625 киловат/час батерија се полни за околу два часа за половина од својата моќност и 5 часа за целосна моќност.
Независно која под-опција возачот би ја одбрал во овој тип, секогаш му е овозможен торк и за најстрмните искачувања, како и животен век на бaтeрија за возење од зора до самрак.

По некој момент од спецификацијата
Ова е супериорен планински е-велосипед со целосна суспензија!
Четири-клипните кочници се поставени како стандард, а постои и АБС опција за предното тркало Овие карактиеристики ја зголемуваат безбедноста, овозможувајќи му стабилност на возачот, кочна моќност и управливост при возење на потехнички терен. Да не зборуваме за фината контрола за прецизно кочење во секој момент.

Наменето за:
многу посветени возачи кои во планинскиот е-велосипедизам гледаат свој главен спорт и кои сакаат агресивен „треил“ модел - потребен за забава при освојувањето на било која стрмнина и контрола при спустовите!

СПЕЦИФИКАЦИЈА:
РАМ
E-OMNIA FX TYPE ALLOY FS 29" 150MM, 1.5" TAPERED HT, SEATPOST DIAM. 31,6MM, INTEGRATED SEAT CLAMP, PM 180MM DROPOUT THRU AXLE 12X148MM, INTERNAL CABLE ROUTING INSIDE DT, HANGER COMPATIBLE UDH, SIZES 43,48,53 (MD; LG; XL)

ПРЕДЕН АМОРТИЗЕР
FOX FLOAT 36 RHYTHM 29", 160MM TRAVEL
ЗАДЕН МАОРТИЗЕР
FOX FLOAT DPS PERFORMANCE

ГАРНИТУРА
FSA NO.55R/558 1.5"

ШИФТЕР
SHIMANO DEORE SL-M6100-R 1X12SP
ЗАДЕН МЕНУВАЧ
SHIMANO XT RD-M8100-SGS SHADOW+ DESIGN 12БРЗИНИ

ПРЕНОС
FSA FORGED ALU, CRANK LENGTH 165 MM, ISIS BB AXLE, W/SHIMANO SM-CRE80-12 CHAINRING 34T, W/CUSTOM CHAINGUIDE 30-38T
ЛАНЕЦ
SHIMANO CN-M7100 12SP
КАСЕТА
SHIMANO CS-M7100-12, 12SP, 10-51T

КОЧНИЦИ
SHIMANO BR-MT520, 4 PISTON CALIPERS, RESIN PAD, W/203MM FRONT & REAR ADAPTER, I-SPEC II COMPATIBLE
РОТОРИ
SHIMANO FRONT:RT-64 FRONT & REAR: RT-EM600 W/SPEED SENSOR MAGNET, DIAM. 203MM, CENTER LOCK

ЗАДНА ГЛАВИНА
FORMULA FH-MT510-B, CENTER LOCK, 12X148MM TA, SHIMANO MICROSPLINE 12SP BODY
ПРЕДНА ГЛАВИНА
FORMULA CL-811 CENTER LOCK, 15X110MM TA
ОБРАЧИ
VELOMANN ST30 TCS 2.0 29”, 30MM INTERNAL WIDTH
ГУМА
KENDA HELLKAT 29X2.6, 60TPI EMC, DTC COMPOUND

СТЕМ
VELOMANN ST97Q RISE 0°, 1.1/8", DIAM. 35MM, LENGTH: 50MM
ВОЛАН
VELOMANN RISE, DOUBLE BUTTED AL7050, WIDTH 780MM, DIAM. 35MM, RISE 20MM, BACKSWEEP 9°
ГРИПОВИ
ROCK T-GP34 SINGLE LOCK GRIP , TPR, PLASTIC INNER BODY, ALUMINIUM CLAMP

КОЛЧЕ
VELOMANN DROPPER SEATPOST, DIAM. 31,6MM, INTERNAL REMOTE CABLE ROUTING W/REMOTE CONTROL FOR 1X DRIVETRAIN, 120MM TRAVEL-43CM, 150M TRAVEL-48/53CM
СЕДЛО
VELOMANN 1285URN, MANGANESE RAIL, 277X144MM

КАЛНИЦИ
BIANCHI CUSTOM
ПРЕДНО СВЕТЛО
INTEGRATED CUSTOM FRONT AND SIDE LIGHT MADE W/SPANNINGA
ЗАДНО СВЕТЛО
INTEGRATED CUSTOM REAR AND SIDE LIGHT MADE W/SPANNINGA

МОТОР
BOSCH PERFORMANCE LINE CX 250W 85NM
БАТЕРИЈА
BOSCH POWERTUBE 625WH
ДИСПЛЕЈ
BOSCH PURION DISPLAY

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, e-omnia