Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Aria Ultegra disc

Bianchi Aria Ultegra disc
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 2
223,000ден.
 
   - ИЛИ -   

АРИА е модел посветен на брзината: како за друмски натпревари, така и за триатлони од пократки дистанци - со крута рамка, наменета за високи перформанси!

Ова е аеро модел, кој е совршен партнер за Вашите друмски предизвици. Целта во неговото создавање кај Бјанки беше да се добие велосипед со високи аеродинамични перформанси на целиот систем: рам+вилушка! 
Ова е постигнато по долго истражување на моделот во воздушни тунели, како и совети и партнерство со професионалните возачи кои ги користат моделите на Бјанки. 

Аеродинамиката зависи секако не само од аеродинамичноста на велосипедот, туку и од аеродинамичната положба на телото на возачот. Последново се постигнува многу лесно на Ариа-та, благодарение на постигнатата геометрија на рамот и вилушката, со што возачот лесно се поставува во идеална „перформанс“ позиција!

Спецификација:
Рам: ARIA DISC CARBON, компатибилност со механички и електронски менувачки системи, средна осовина: PRESSFIT 86,5X41MM BB, гарнитура: 1.1/4"-1.1/8", интегрирана стега за колче, THRU AXLE 12X142MM
Вилушка: BIANCHI FULL CARBON DISC 1.1/4">1.1/8", THRU AXLE 12X100MM
Гарнитура: FSA ORBIT C-33, NO.44E, 1.1/8">1.1/4"
Шифтери: SHIMANO ULTEGRA ST-R8020 2X11SP со ULTEGRA ST-R8025
Заден менувач: SHIMANO ULTEGRA RD-R8000 SS 11SP
Преден менувач: SHIMANO ULTEGRA FD-R8000
Пренос: SHIMANO ULTEGRA FC-R8000 50X34T, курбла/рам: 165MM-44CM, 170MM-47/53CM, 172.5MM-55/59CM, 175MM-61CM
Средна осовина: SHIMANO SM-BB72-41B
Ланец: KMC X11-1 EPT FINISH, 11SP
Касета: SHIMANO 105 CS-R7000 11SP, 11-12-13-14-15-17-19-21-24-27-30T
Хидраулични диск кочници: SHIMANO BR-R8070
Тркала: FULCRUM RACING 818 DISC BRAKE
Гуми: VITTORIA RUBINO IV G2.0 GRAPHENE 700X28
Стем: REPARTO CORSE 3D FORGED ALLOY 6061, RISE -8°, 1.1/8", должина/рам: 70MM-44CM, 90MM-47/50CM, 100MM-53CM, 110MM-55/57CM, 120MM-59CM, 130MM-61CM
Волан: REPARTO CORSE AERO , ALLOY 6061 DIAM. 31,8MM, REACH 74MM, DROP 116MM, ширина/рам: 400MM-44/53CM, 420MM-55/59CM, 440MM-61CM
Трака: LA SPIRALE RIBBON CORK
Колче: ARIA FULL CARBON AERO, подесливо +/- 35MM; должина/рам: 250MM-44CM, 300MM-47/50CM, 350MM-53/61CM
Седло: SELLE ROYAL SETA S1, STEEL RAIL, 278X144MM
Ротори: SHIMANO SM-RT800 CENTER LOCK, DIAM. 160MM

 

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, aria, ultegra, disc