Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Oltre XR3 CV Ultegra Disc

Bianchi Oltre XR3 CV Ultegra Disc
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
285,000ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Поврзете се со патот!

Силни трки, буткање на границите - сите ја бараме таа врска! Врска со светот, со силно дишење и чувствување на адреналинот - да се биде едно со својот велосипед... Олтре ХР3 е моделот кој ќе Ви ја овозможи таа врска!

Овој модел е инспириран од друмските трки во највисоката класа и е соодветно развиван во блиска линија со Олтре ХР4 моделот кој го возат Про Тур возачите!
Ова е нова комбинација на рам и вилушка - во еден интегриран систем, да работат специфично со новите диск кочници, а да ја задржат аеродинамичната предност по која Олтре е толку добро препознаено...

Прецизност и контрола на моќноста
Диск кочниците овозможуваат да се добие чиста аеро линија, а при тоа и секако максимална кочна моќност. Клучен бенефит е кочење со прецизна и целосна контрола, во било какви услови. 
Олтре Х3Р Диск Ви овозможува да возите совршени линии со оптимална брзина, во секоја кривина, независно дали условите се суви или влажни!

Изработено со Каунтервеил системот на Бјанки
Ова е уникатен систем, кој ги поништува вибрациите од патот при возењето. Како резултат на тоа, се добива мазно возење, а возачот може да остане фокусиран во својата најбрза, најефикасна аеродинамична позиција - подолго време!
Каунтервеил системот поништува 80% од вибрациите благодарение на користењето на уникатниот композитен материјал кој е интегриран во рамот и вилушката...
Традиционалните, пасивни начини на решавање на овој проблем, со додавање на пример на вештачки гумирани вметоци или изолатори - за да се добие тој комфор - се маргинално ефективни, кога би се споредиле со Каунтервеил системот - кој е докажан дека функционира и при екстремни услови, а при тоа секако се задржува и важната крутост и нема загуби во трансферот на енергијата од возачот врз велосипедот...

Спецификација

Рам: OLTRE XR3 DISC CARBON W/BIANCHI CV, компатибилност со механички и електронски системи, UTSS SS, HT WITH INTEGRATED FORK, CARBON DROPOUT, PRESSFIT 86,5X41MM BB, FLAT MOUNT CALIPER, THRU AXLE 12X142MM
Вилушка: BIANCHI FULL CARBON AERO DISC W/BIANCHI CV, 1.5"-1.1/8" интегрирана главина, FLAT MOUNT CALIPER, THRU AXLE 12X100MM
Главина: FSA ORBIT C-40-ACB
Шифтери: SHIMANO ULTEGRA ST-R8020 2X11SP, за хидраулични диск кочници
Заден менувач: SHIMANO ULTEGRA RD-R8000 SS 11SP
Преден менувач: SHIMANO ULTEGRA FD-R8000
Пренос: SHIMANO ULTEGRA FC-R8000 50X34T, HOLLOWTECH II, курбла/рам: 170MM-47/53CM, 172.5MM-55/59CM, 175MM-61CM
Средна осовина: SHIMANO SM-BB72-41B
Ланец: SHIMANO ULTEGRA CN-HG701-11, 11SP
Касета: SHIMANO ULTEGRA CS-R8000, 11-12-13-14-15-17-19-21-24-27-30T
Кочници: SHIMANO BR-R8070
Гуми: VITTORIA RUBINO PRO G2.0 GRAPHENE 700X28
Стем: REPARTO CORSE 3D FORGED ALLOY 6061, RISE +/-6°, 1.1/8", должина/рам: 90MM-47/50CM, 100MM-53CM, 110MM-55/57CM, 120-59CM, 130-61CM
Волан: REPARTO CORSE AERO , ALLOY 6061 DIAM. 31,8MM, REACH 74MM, DROP 116MM, ширина/рам: 400MM-44/53CM, 420MM-55/59CM, 440MM-61CM
Трака: LA SPIRALE RIBBON CORK
Колче: OLTRE FULL CARBON AERO; подесливо +/- 35MM, должина/рам: 250MM-47CM, 300MM-50/53CM, 350MM-55/59CM, 380MM-61CM, сетбек: 25MM/-10MM
Седло: FI'ZI:K ANTARES R7, S ALLOY RAIL, 274X142MM
Ротори: SHIMANO SM-RT800 CENTER LOCK, DIAM. 160MM

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, oltre, xr3, cv, ultegra, disc