Bianchi Magma Alivio 2x9 black
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Magma Alivio 2x9 black

Bianchi Magma Alivio 2x9 black
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 19
51,500ден.
39,000ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Најновата верзија на овој модел - за 2024 година.
Искористете ја промотивната цена!

Сосема ново значење на терминот „перформанс хардтеил“!

Прифатете го секој предизвик со кој ќе се соочите по планинските патеки, на велосипед кој постојано нуди високи перформанси! Идеален избор како за почетници во планинскиот велосипедизам, така и за возачи кои сакаат да извадат максимум на било кој терен, во било кои услови!

Спецификација:

Рам: MAGMA 29" ALU, 1,1/8" HT, BSA 68MM, колче 27,2MM, внатрешно спроведување на кабли...
Амортизер: SR SUNTOUR XCM HLO DS 29" 100MM
Гарнитура: FSA TH888

Шифтери: Shimano ALIVIO SL-M3100 2X9SP
Заден менувач: Shimano ALIVIO RDM3100 SGS 9SP
Преден менувач: Shimano FD-M2000-TS
Пренос: Shimano FC-MT101-2, 36/22T, курбла/рам: 170мм-С/М, 175мм-Л/ХЛ

Средна осовина: SHIMANO BB-UN101
Ланец: KMC HV900 9SP
Касета: SHIMANO HG200-9, 11-13-15-17-20-23-26-30-36T

Кочници: SHIMANO BR-MT200
Ротори: SHIMANO SM-RT10, 160MM

Гуми: KENDA BOOSTER 29X2.20

Стем: TEC 3D FORGED ALLOY 6061, +/-7°, 1.1/8", DIAM. 31.8MM, должина/рам: 80MM-15/17", 90MM-19/21"
Волан: TEC PG ALLOY 6061, ширина 700MM, диам. 31,8MM, RISE 15MM, BACKSWEEP 9°
Грипови: T-ONE T-GP48B

Колче: TEC, диам. 27,2MM, должина: 350MM
Седло: TEC RECTOR

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, magma