Bianchi Via Nirone 7 105
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Via Nirone 7 105

Bianchi Via Nirone 7 105
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
109,000ден.
76,000ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Уште само една големина на залиха: 57
Одлична цена со 30% попуст!

„Виа Нироне 7“ е местото каде што се’ започна за Бјанки.
Тоа е адресата на првата продавница на Едоардо Бјанки во Милано, пред 135 години! 

Започнете ја Вашата велосипедска приказна со овој велосипед, дизајниран со докажаната „ендуренс рејсинг“ геометрија на Бјанки, со хидроформирани цевки, внатрешно спроведување на кабли, карбонска вилушка - овој модел е совршено решение за прв „перформанс“ друмски велосипед!

Хидроформираните цевки овозможуваат да се добие алуминиумска рамка, со посилна, а полесна конструкција!

Спецификација
Рам:  VIA NIRONE 7 ALU, хидроформирани цевки, внатрешно спроведување на кабли...
Гарнитура: FSA NO.8B/ZS4D
Шифтери: SHIMANO 105 ST-R7000 2X11SP
Заден менувач: SHIMANO 105 RD-R7000 GS 11SP
Преден менувач: SHIMANO 105 FD-R7000-L
Пренос: SHIMANO FC-RS510 50X34T, должини на курбли/големина на рам: 170MM-44/53CM, 172.5MM-55/59CM, 175MM-60/63CM
Средна осовина: SHIMANO SM-BBR60
Ланец: KMC X11-1 EPT FINISH, 11SP
Касета: SHIMANO 105 CS-R7000, 11-12-13-14-16-18-20-22-25-28-32T
Кочници: SHIMANO BR-R561-L
Тркала: SHIMANO WH-RS100
Гуми: VITTORIA ZAFFIRO 700X25
Стем: REPARTO CORSE ALLOY 6061, RISE +/-7°, 1.1/8", должина на стем/големина на рам: 70MM-44/46CM, 90MM-50/53CM, 100MM-55CM, 110MM-57/59CM, 120MM-61CM, 130MM-63CM
Волан: REPARTO CORSE , FLAT TOP, ALLOY 6061 DIAM. 31,8MM, REACH 80MM, DROP 130MM, ширина на волан/големина на рам: 400MM-44/53CM, 420MM-55/59CM, 440MM-61/63CM
Трака: CORK W/BIANCHI LOGO
Колче: REPARTO CORSE AL6061 SHAFT, ALLOY HEAD, 15MM OFFSET, DIAM. 31.6MM, LENGTH: 300MM-44/46CM, 350MM-50/63CM
Седло: SELLE ROYAL SR 2075HRN, 280X145MM


За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, via nirone