Bianchi C-Sport Cross
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi C-Sport Cross

Bianchi C-Sport Cross
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 5
54,800ден.
41,000ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Најновата верзија на овој модел - за 2024 година.
Искористете ја промотивната цена!

Елегантен хибрид: градски, спортски велосипед, кој со својата амортизација ќе го направи возењето покомфорно, а со кој ќе можете да уживате и надвор од асфалтот, на лесни земјени патишта.

Спецификација:

Рам: C-Sport Cross Alu Disc, внатрешно спроведување на кабли, мазен вар
Амортизер: SR Suntour SF16-NEX-HLO-DS-700C, 63мм, Disc
Гарнитура: Fsa NO.8B/ZS4D 1-1/8"
Шифтери: Shimano ST-EF505 3x8sp
Заден менувач: Shimano ACERA RD-M360-L SGS 8sp
Преден менувач: Shimano Tourney FD-TY700-TS3
Пренос: Shimano FC-TY301 42x34x24T, курбла/рам: 170mm-43/47cm, 175mm-51/55cm
Средна осовина: Shimano BB-UN101
Касета: Shimano CS-HG200-8, 12-14-16-18-21-24-28-32T
Кочници: Shimano BR-MT200, органски пакни - хидраулични диск кочници
Ротори: Shimano SM-RT10, 160mm, Center Lock
Обрачи: Velomann ATD500 disc, алу, 700c 622x19, 32 dupki, tubeless ready
Стем: Velomann ST69A 3D forged 6061 Alloy, 12° 31,8mm 1.1/8", должина/рам: 70mm-43cm, 10mm-47/51cm, 120mm-55/59cm
Волан: Velomann Alloy 6061 DB, 620mm, flat bar, 9° bend, 31,8mm
Грипови: Bianchi Ergonomic Double density, Black/CK
Колче: Velomann Alloy shaft AL6061, alloy head, 15mm offset, 31,6mm
Седло: Selle Royal, 269mm x 146mm

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, c-sport, cross