Gaerne G. Record Carbon 8.0
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Record Carbon 8.0

Gaerne G. Record Carbon 8.0
Gaerne G. Record Carbon 8.0 Gaerne G. Record Carbon 8.0 Gaerne G. Record Carbon 8.0
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 8
6,500ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Патики за друмски велосипедизам
Произвeдени во Италија - од Герне (Gaerne)


За моделот:
Ова е вoведниот модел на Герне, но и тој без компромис и одлични перформанси од аспект на препознатливиот фит на италијанските тркачки друмски патики и крутост (индекс 8, од комбинацијата на најлон и карбон во ѓонот).
 

За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!


За ѓонот:
GAERNE EPS CARBON POWER SOLE 8.0
Овој ѓон е направен од комбинација од најлон и карбон - кој гарантира оптимална крутост.
Малата дебелина гарантира кружно педалирање без губиток на енергија. Стабилноста на стопалото е зголемена благодарение на специјалната форма, а 5те канали за вентилација овозможуваат свежина внатре во патиката, а исто така има и додатоци во делот под прстите и петата кои штитат од пролизгување при одење. Задниот додаток може да се менува откако ќе се истроши. Позицијата на клитот може да се менува за дополнителни 9мм од претходните решенија, а во тој дел од ѓонот, исцртана е и скала со мерки по кои може да се запомни позицијата на клитот при неговото поместување/подесување како и менување. 
Ова е ѓон со одличен индекс на крутост 8.


За влошката:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, carbon, record