Уште една класика на Јулбо: МонтеБјанко!
Модел кој е посветен на вљубениците во планините, на луѓето кои се нивни чести посетители и уживатели - но кои исто така, бараат модел кој е покомпактен и ненаметлив и кој ќе можат да го користат и за време на своите секојдневни обврски/аткивности, кога ќе се вратат назад во градот, долината...
Ова е идеален модел на рамка за луѓе кои имаат средно широки до широки лица.
Страничните штитници можат по потреба да се вадат - нудејќи при тоа совршена адаптибилност на временските состојби.
Многу лесен модел на очила, техничи совршена - со висока заштита од сончевите зрачења и рефлексии, комбинирана со стил и едноставност!
Овој модел на МонтеБјанко е со Спектрон 4 леќа на Јулбо!
Тоа е поликарбонатна леќа со антирефлектирачки слој на нејзе - го подобрува визуелниот комфор со елиминација на непосакуваните рефлексии. Се препорачува за спортови во кои постои експонираност на силна светлина со дополнителна рефлексија.