BCA Float 22
Кошничката е празна!
Најпродавани

BCA Float 22

BCA Float 22
BCA Float 22 BCA Float 22
Бренд: BCA
Код на производот: bca
Достапност: 2
39,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Ранецот со воздушно перниче, Float 22, од американската компанија БЦА (BackCountry Access) е дизајниран за скијање надвор од патеките - за фрирајд и турно скијање и бордање! Секако дека скијањето на таков терен, бара пред се’ познавање на темата „лавинска безбедност“, но поседување на опрема која дополнително ќе помогне во случај работите да тргнат во непосакуван правец - е повеќе од неопходна. Во случај на лавина, со повлекување на тригерот, се активира 150-литарско воздушно перниче кое треба да Ве држи што поблиску и секако на површината на снегот, кога движењето на лавината ќе запре, а ги штити и Вашиот врат и грб.

Флоат 22 е најлесниот ранец со воздушно перниче на БЦА, а финансиски гледано и најдостапниот. Во него лесно ја собира другата опрема потребна за зимски авантури: опрема за лавинско спасување (лопата, сонда), храна, вода/чај и дополнителен слој на облека. 
Флоат 22 и Флоат 32 ранците достапни во нашиот продажен центар, се дел од најновата серија на БЦА, кои ги користат Флоат 2.0 цилиндрите - 30% помали и 15% полесни од претходната генерација!

Цилиндерот за Флоат ранците се продава посебно.

Волумен: 22литри
Тежина: 2.78кг (целосен систем со цилиндер), 2.22кг (целосен систем без цилиндер), 1.56кг (само ранецот)
Материјал: 330 denier mini ripstop nylon w/ PU coating (main) 420 denier oxford nylon w/ PU coating (high wear areas) 200 denier polyester (lining)
За торзо: 43-50цм

​За најновата серија на Флоат ранци на БЦА:

За производителот

Backcouyntry Access (BCA) е американска компанија со седиште во Болдер, Колорадо - лидер во сегментот за опрема за безбедност во снег. Тоа е компанија со најголема доверба во опремата за лавинска безбедност уште од самите почетоци, кога на пазарот и на потрошувачите им го претставија првиот дигитален пребарувач „Трекер“, со кој поради неговиот едноставен начин на користење, во огромна мера се поедностави и забрза пребарувањето во лавина.

БЦА на вљубениците во снежни спортови им нуди производи кои имаат секогаш најдобар однос на квалитет и цена - независно дали се работи за пребарувачите, популарно познати како Трекери, независно дали се работи за ранци со воздушни перничиња, популарно познати како Флоат, независно дали се работи за лопати, сонди, системи за комуникација, опрема за евалуација на снежните слоеви итн итн.
Тие не се само обични продавачи. Сите вработени во БЦА се супер пасионирани вљубеници во снежните спортови и тие покрај производот нудат и многу едукативни елементи - дали е тоа упатство, едноставно разбирливо видео итн.

Во Македонија

Покрај многуте индивидуалци кај нас, кои инвестирале во сопствена опрема за лавинска безбедност - свесни дека со тоа додаваат само на квалитетот во своето уживање по падините, наши клиенти се и многу професионалци - водичи и спасители, кои многу јасно го разбираат проблемот со лавинска безбедност и сакаат да имаат врвна опрема за такви ситуации, за безбедноста на членовите во тимот и за безбедноста на своите клиенти!

Би споменале дел од нив:
Планинска спасителна служба при Црвен Крст од Охрид

Водичи - Шар Аутдорс на Попова Шапка: безбедност за тимот и своите клеинти...

Водичи - Шумски Фенери Фрирајд на Пелистер: безбедност за тимот и своите клиенти...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bca, float