Bryton Gardia R300 radar
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Gardia R300 radar

Bryton Gardia R300 radar
Bryton Gardia R300 radar Bryton Gardia R300 radar Bryton Gardia R300 radar
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност: 1
8,300ден.
 
   - ИЛИ -   

Радар и светло во едно.
Брајтон ГАРДИА Р300: Моќен сојузник за Ваша безбедност!

Bryton ја проширува својата палета на производи, со лансирањето на Гардиа Р300, првиот комбиниран уред во едно „радар-задно светло“ на оваа компанија. Со поврзување со компатибилни ГПС уреди за велосипеди, Гардиа Р300 обезбедува визуелни и звучни предупредувања - за да ве предупреди за возилата кои доаѓаат од зад Вас, со тоа нудејќи двојна заштита за велосипедистите, кои на тој начин можат да се концентрираат на патувањето, безбедно педалирајќи благодарение на Гардиа Р300.

Возете целосно безбедни!
ГПС уредите за велосипедизам на Брајтон, се веќе добро познати и одлично прифатени, па сега оваа компанија го направи следниот чекор - развој на производи фокусирани на безбедноста на велосипедистите за да им обезбеди како на ентузијастите, така и на професионалците, побезбедно искуство во возењето, без страв од непријатни изненадувања на патот.

Гардиа Р300 нуди двојна заштита за да ги заштити велосипедистите за време на возењето: кога возилата се приближуваат одзади, покрај известувањата на ГПС уредот пред Вас, во исто време задното светло го менува режимот на трепкање, за да ги предупреди и возачите кои се приближуваат кон Вас.

Компатибилност
Гардиа Р300 е компатибилен со уредите на Брајтон: Rider 420, 750, S500 и S800. 
Што се однесува до уредите на другите брендови, потребно е да се провери дали Вашиот уред е компатибилен со функцијата Radar Ant+!

Поглед зад Вашиот грб
Возете безбедно со Брајтон Гардиа Р300!
Радарскиот сензор на ова светло, детектира возила кои се приближуваат на растојание од Вас и до 150 метри. Со поврзување со компатибилни уреди, Gardia R300 обезбедува визуелни и звучни предупредувања за да ве извести за возилата што доаѓаат.

Открива потенцијални опасности
Радар-светлото Брајтон Гардиа Р300 ви помага да избегнете непријатни изненадувања на вашето патување. Кога ќе открие возило кое се приближува од зад вас, уредот веднаш го проценува нивото на опасност врз основа на брзината на возилото, активирајќи предупредувачко светло за да го извести возачот за вашата позиција.

Известување за сопирање
Користејќи го интегрираниот Г-сензор, Гардиа Р300 пресметува кога сопирате и им сигнализира на возилата зад Вас, со сопирачко светло со зголемен интензитет на светлина, намалувајќи го ризикот од судир одзади при забавување или во случај на нагло сопирање.

Автоматска промена на светлото
Кога е поврзан со компатибилни уреди, Гардиа Р300 ќе го користи вградениот сензор за светлина на компјутерот, за да ја прилагоди осветленоста според условите на амбиенталната светлина.

Зголемета ја видливоста
Радар-светлото Брајтон Гардиа Р300 во суштина е дизајнирано да ја сигнализира позицијата на велосипедистите - на возилата кои доаѓаат од зад нив. Дури и во дневните часови, може да се активира соодветен режим на трепкање кој може да биде забележан на растојание и до 1.5км

Различни режими на осветлување
Гардиа Р300 користи различни режими на осветлување, за да ве направи видливи во сите услови, избирајќи помеѓу фиксна силна светлина, фиксна ниска, возење во група, дневно трепкање, ноќно трепкање и радар со исклучено светло. Секако, со компатибилен уред, можете да ги прилагодите режимите на осветлување директно од екранот и сами да го контролирате/одберете режимот кој сакате во моментот да го користите.

Уште колку останува од батеријата?
Нема заморни математики околу преостанатите часови на батеријата во проценти... Со компатибилен ГПС уред и/или апликација, преостанатото времетраење на батеријата ќе се прикаже директно на екранот - по спарувањето со радар-светлото. Со директно гледање на преостанатите часови на автономија, можете полесно да управувате при вашето патување и поставки при тоа.

Моќна батерија на полнење
Со импресивни 17 часа траење на батеријата во режим на трепкање при дневна светлина и до 12 часа во фиксен режим! Со едно полнење, моќното радар-светло Гардиа Р300, може да ве поддржи без разлика колку далеку ќе ве однесе вашата авантура. За дополнително продолжување на времетраењето на батеријата, да потсетиме - кога нивото на амбиентална светлина е ниско, интензитетот на светлината исто така автоматски се намалува. Полнењето преку USB-C исто така го прави полнењето побрзо од кога било!

Монтажа
Брајтон Гардиа Р300 се монтира лесно и интуитивно. Само прицврстете го носачот на вашата претпочитана позиција и подготвени сте за возење! Носачот е компатибилен со најчестите димензии на кружни и аеро колчиња!

APP BRYTON GARDIA
Официјалната апликација ви овозможува не само да ја видите позицијата на возилата кои што се приближуваат, туку и емитува звучни и вибрациони сигнали. Можете исто така да го контролирате задното светло директно од апликацијата, за да ги изберете вашите преференци и да добивате предупредувања за сите достапни ажурирања на фирмверот.


Димензии: 97Х21Х40цм
Тежина: 68 грама
Макс лумени: 73
Поврзување: ANT+, Bluetooth
Водоотпорност: IPX7
Агол на видливост: 220 степени
ЛЕД: индикатор на батерија во бои (црвена (0-15%)-жолта(15-50%)-зелена(50-100%)), индикатор за поврзуваност (за АНТ+ или Bluetooth - во сина боја)

Траење и лумени на батерија во различни режими:
Силно постојано светло: 8 часа/ 20 лумени
Слабо постојано светло: 12 часа/ 5 лумени
Режин на возење во група: 11 часа/ 12 лумени
Ноќно трепкање: 17 часа/ 12 лумени
Дневно трпкање: 17 часа/ 73 лумени
Без светло: 24 часa

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, gardia r300