Mund Latitude - Primaloft
Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund Latitude - Primaloft

Mund Latitude - Primaloft
Mund Latitude - Primaloft Mund Latitude - Primaloft Mund Latitude - Primaloft Mund Latitude - Primaloft
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 12
880ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund Latitude

Модел на чорапи од Премиум серијата на шпанскиот производител Мунд.
Произведени со користење на висококвалитетно Прималофт влакно, овие чорапи се лесни, дишливи и брзо сушечки - ќе ги чуваат вашите стопала суви и во најтешкi услови. Термо квалитетите на овој материјал се слични на пердувот - го имаат најдобриот однос на леснина и дишливост на пазарот!

Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Овие чорапи се направени од два слоја. Прималофт материјалот се користи за внатрешниот слој, кој доаѓа во директен контакт со кожата, а полиамид се користи со цел да се зголеми отпорноста на моделот. Во конструкцијата постојат специјални канали за дишливост, со кои се овозможува стопалата да останат суви во текот на целото време. Стопалото е заштитено од удари во чевлите, со структура со двојна густина и еластични појаси, како и кај самиот зглоб и петата, со што може да се направи одлично затегнување на чевлата, а да се намали можноста од појава на плускавци. 

Температурен опсег: до -25C

Состав: 60% Primaloft® Yarn, 31% Polyamide, 9% Lycra® Fiber
Технологија: Плетка во форма на саќе

Препорачани активности: Планинарење, алпинизам
Тежина: 62 грама/пар
Сезона: зима

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...
 

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: mund, latitude