Mund K2 - Thermolite
Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund K2 - Thermolite

Mund K2 - Thermolite
Mund K2 - Thermolite Mund K2 - Thermolite
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 20
1,050ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund K2

Термо чорапи за планинарење, произведени од THERMOLITE® - материјал со одлични перформанси, кој ја задржува телесната температура, но и не дозволува да се дојде до прегревање и препотување. 

Достапни се во 3 големини:
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Дополнителниот слој овозможува комфор на нерамен терен и подобрување на термоизолационите ефекти. Еластичниот појас во делот на стопалото, овозможува подобро затегнување на чевлата, а заштита при тоа да не дојде до појава на плускавци. Овој модел чорапи е со средна дебелина и има неверојатни термо ефекти и мекост. 

Тоа што е важно да се спомене следно е дека чорапите со овој материјал се наменети за динамички активности. За статички активности, производителот препорачува модели кои користат Мерино волна или Прималофт.

Температурен опсег: до - 25°C
Сезона: зима
Препорачана активност: трекинг, планинарење долги дистанци, алпинизам

Тежина: 96 грама/пар

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: Mund, k2, thermolite