Mund Track - Outlast/Wool
Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund Track - Outlast/Wool

Mund Track - Outlast/Wool
Mund Track - Outlast/Wool Mund Track - Outlast/Wool Mund Track - Outlast/Wool Mund Track - Outlast/Wool
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 15
750ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund Track

Од овој модел, на залиха ни се останати уште само С и ХЛ големини.

Специјализиран модел на чорапи од Премиум серијата на Мунд!
Ова се зимски планинарски чорапи, во кои се користи OUTLAST® материјалот, кој благодарение на својата структура, генерира микро клима помеѓу кожата и чорапите, задржувајќи ја при тоа топлината која ја генерира телото при движењето, помагајќи во стопалата да се има чувство на комфор во секој момент. Мерино волната пак е антиалергенска и има сребрени партикули - ја задржува природната рамнотежа на кожата и во голема мера намалува лош мирис. Препорачан модел за луѓе со чувствителна кожа.

Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Овие чорапи имаат семикомпресивна карактеристика, со што помагаат во подобрување на циркулацијата и го намалуваат заморот. Конструкцијата во делот на прстите и петата пак, вклучува засилувања во материјалот со Кордура, за поголема издржливост...

Температурен опсег: до - 25°C
Сезона: зима
Препорачана активност: трекинг, прошетки во природа, планинарски тури

Главни влакна: Outlast®, Merino, Meryl® SkinLife
Состав: 30% Outlast®, 30% Merino, 20% Meryl®, 10% fiber Lycra®, 10% Polyamide

Тежина: 65 грама/пар

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: mund, track, outlast, wool