Mund Everest - Thermolite
Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund Everest - Thermolite

Mund Everest  - Thermolite
Mund Everest  - Thermolite Mund Everest  - Thermolite Mund Everest  - Thermolite
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 12
1,150ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund Everest

Двојна чорапа! Две чорапи во една - двете направени од Термолајт влакна, со што се добива лесен краен производ, а сепак со одлични термоизолациски карактеристики! Термолајт влакната ја минимизираат можноста од собирање на пот, ослободувајќи ја топлината кога тоа е потребно. Овој модел со оваа густина и конструкција, во голема мера исто така штити и од создавање на плускавци. 

Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Овој модел на чорапи е специјално дизајниран за екстремно студени периоди. Две чорапи се сошиени во една - внатрешната ја штити кожата, а надворешната ја апсорбира фрикцијата со чевлите и штити од создавање плускавци. Големата густина штити од удари од чевлите. Шевовите се „мазни“ за дополнителен комфор!

Температурен опсег: до -30°C
Сезона: зима
Препорачана активност: трекинг, алпинизам

Главни влакна: Thermolite®, Lycra®
Состав на внатрешна чорапа: 68% Thermolite®, 25% Polyamide, 7% Lycra®
Состав на надворешна чорапа: 78% Thermolite, 14% Lycra, 8% Polyamida

Тежина: 120 грама/пар

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: mund, everest, thermolite