БергЕм е модел на кацига за велосипедизам, која го следи првиот стандард за безбедност конкретно посветен за е-велосипедизам: NTA 8776!
Кога веќе има достапно, зошто да не одберете и побезбедно?!
Развиен за планински велосипедизам, а тестиран за удари кои настануваат при поголеми брзини, овој модел е дизајниран да понуди масимална заштита околу главата, без при тоа да се прави компромис на сметка на тежината и вентилацијата.
19те канали за вентилација и трите лонгитудинални канали, овозможуваат побрзо спроведување на топлиот воздух низ кацигата, овозможувајќи при тоа брзи и подобро разладување на главата.
Технологија: Monoshell in-mould
Канали за вентилација: супериорна вентилација со 19 канали
Големини: М (52-57цм) и Л (57-62цм)
Тежина: М (300грама) и Л (325грама)