Bryton Rider 320
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bryton Rider 320

Bryton Rider 320
Бренд: Bryton
Код на производот: bryton
Достапност: 4
6,500ден.
 
   - ИЛИ -   

Едноставен, но моќен!

Рајдер 320 уредот е изработен од висококвалитетен, оптички врзан дисплеј - дизајниран да овозможи чист и разнолик преглед на тренингот. Со поддршката со АНТ+ и БЛЕ сензорите, подобрено е и корисничкото искуство и компатибилноста, а уредот исто така доаѓа и со целосна поддршка за глобална навигација: ГНСС - со што се овозможува многу поширок опсег на покривање, на било кој терен - густи шумски предели, високи згради во урбани средини, во планина...

Кристално јасен дисплеј
Креиран за најдобро искуство при прегледувањето, Рајдер 320 е опремен со јасен и одлично читлив црно-бек екран со големина од 2.3“. Висококвалитетниот, оптички врзан дисплеј, овозможува кристално јасно читање, од било кој агол и во било која средина. Со едноставно гледање на стрната, која може да собере 8 податоци на себе - може да се добие целосен приказ за моменталните перформанси при возењето.

АНТ+ / БЛЕ сензори
Со едноставно поврзување, уредот работи одлично со АНТ+ / БЛЕ сензори - по ваш избор и потреба: за брзина, каденца, пулс, моќност.

Апсолутна прецизност
Рајдер 320 уредот на Брајтон вклучува 5 различни системи за глобална навигација: ГПС (САД), Глонас (Русија), БДС (Кина), Галилео (Европа) и КЗСС (Јапонија). Со тоа се добива побрзо поврзување и многу посигурна мрежна, навигациска покриеност во било која ситуација.

72 функции / 35 часа батерија
Овој уред овозможува богата палета на податоци, потребни за прегледување на перформансите при возењето - до 72 различни функции.
Опремен со моќна батерија, тој е исто така погоден и за било кое долго возење! Батеријата може да трае до 35 часа, но и да се полни при користењето.

Калибрација на мерачи на моќност и поддршка на педали
Рајдер 320 цели кон подобрена компатибилност и функционалност на мерачите на моќност со АНТ+, овозможувајќи им на возачите едноставно да ја внесат должината на курблата на преносот и да ја калибрираат за уште попрецизни вредности. Дополнително, тој исто така поддржува и педали кои се мерачи на моќност - исто така со лесна калибрација, овозможувајќи при тоа и детално прикажување на вредностите на моќноста на левата и десната педала посебно.

Смарт нотификации
Никогаш повеќе не грижете се за пропуштен повик, мејл или текст порака за време на возењето! Рајдер 320 овозможува да добивате нотификации на самиот екран, по едноставно поврзување преку БЛЕ со Вашиот Андроид/иОС телефон.

Димензии/тежина
Ширина: 49.9мм
Висина: 83.9мм
Длабочина: 22мм
Тежина: 67 грама

Други општи податоци:
Работна температура: -10°C/60°C
Снимање: до 300 часа активност
Водоотпорност: IPX7
Број на кругови при специфичен тренинг: до 130
Барометарски висиномер: Да
и други...

Подесувачка светлина на екранот: Да
Аларми за време/растојание: Да
Висина/стрмнина/температура: Да
Профили на велосипеди: до 2
и други...


Што има во пакетот: 
Рајдер 320 главен уред
УСБ кабел
Округол држач за на стем/волан
Упатствo
 

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bryton, rider