Бидон со термална изолација за Вашите топли и студени пијалоци, со времетраење на изолацијата и до 4 часа.
Модел кој е соодветен да се користи во било која сезона независно на температурите, а има тежина од само 145 грама.
Покрај тоа, тој доаѓа опремен и со заштитно капаче за хигиенска заштита на цуцлата за пиење.
Изолацијата се постигнува благодарение на Наногел - најлесниот изолационен материјал кој се состои од 5% цврст материјал, а 95% воздух.
Овој состав овозможува драстично намалување на температурната размена, со што се овозможува високо изолационо ниво: споменатите до 4 часа изолација на независно топол или студен пијалок.
И покрај тоа што овој материјал е најлесниот, комерцијално достапен изолационен материјал за бидони за велосипедизам, што е потрдено и низ студии на различни универзитети и истражувачки центри - тој е исто така сепак и соодветно отпорен материјал!
Како и за другите „Флај“ бидони, и со овој модел - Елит намалува користење на пластика до 30% за негово производство: еколошка мерка, со која пак исто така се допринесува и на малата тежина на бидонот и лесното истиснување на течноста.