Gaerne G. STL 12.0
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. STL 12.0

Gaerne G. STL 12.0
Gaerne G. STL 12.0 Gaerne G. STL 12.0 Gaerne G. STL 12.0
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 5
23,300ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Највисоката класа: ГЕРНЕ Г. СТЛ!
Репер за иновација, врвни перформанси и комфор!

Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)
За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!

Детали за овој модел:

ANATOMIC HEEL CUP 1.0 - со целосно нова форма и внатрешен третман кој штити од „пролизгување“, овозможува подобрена стабилност и најдобра контрола на стопалото. Во комбинација со системот за тарзална поддршка, овој дел од патиката, ја опфаќа петата и се оформува според профилот на стопалото. Овие две технологии заедно овозможуваат неспоредлив пренос на моќ и контрола при педалирањето.

INFIT CLOSURE SYSTEM - систем кој инкорпорира осум зони на фиксирање, со што се добива скоро бескрајна можност за подесување и прецизен фит.

BOA Li2 - Ова е новиот систем на затегнување на БОА - со низок профил и неверојатна издржливост, како и подобрена одржливост. Со својата микро подесливост, овој систем е врвен модел за брзо, лесно и прецизно затегнување на патиката. БОА технологијата и каблите гарантираат дека овој систем ќе функционира и трае во текот на целиот животен век и на самите патики.

FIT TONGUE 1.0 - јазикот на патиките е со варијабилна дебелина во разни делови од материјалот, а од внатрешната страна се користи слој за дополнителен комфор.Јазикот е и перфориран - за оптимална дишливост.

GAERNE EPS LIGHTWEIGHT FULL CARBON SOLE 12.0 - Ултра лесен и ултра тенок, карбонскиот ѓон во овој модел овозможува искористување на секој ват и негов трансфер врз педалите при вртењето, а благодарение на неговата нова форма, се овозможува и подобрена стабилност на стопалото. Четири вентилациони канали гарантираат чувство на свежина внатре во патиката, а во предниот, како и задниот дел на ѓонот, има додатоци кои штитат од пролизгување при движење, при што задните се и менливи. Позицијата на клитовите е зголемена за 9мм, во споредба со претходниот модел, а на ѓонот постои и скала која овозможува полесно менување на таа позиција.
Ѓонот е со фантастичен индекс на крутост 12.

Тежина: 274 грама за чевла со број 43

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, g. stl