Gaerne G. Fuga Carbon 10.0
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Fuga Carbon 10.0

Gaerne G. Fuga Carbon 10.0
Gaerne G. Fuga Carbon 10.0 Gaerne G. Fuga Carbon 10.0 Gaerne G. Fuga Carbon 10.0 Gaerne G. Fuga Carbon 10.0
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 8
13,500ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Еден од најновите модели на патики за велосипедизам од Герне.

Патики за друмски велосипедизам
Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)

За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!

За моделот:
Ова е еден од најновите модели на Герне - со сигурност еден од најпосакуваните поради одличниот однос на цена/квалитет: Боа систем на стегање кој се состои од 2 Боа сајли, карбонска основа со голем индекс на крутост 10 - за одлична искористиливост на вложената енергија при педалирањето...

За БОА системот во овој модел
Не секој систем на затенување со салја е ист! Впрочем разликите се големи!
БОА системот доаѓа со доживотна гаранција и е репер за тие кои го имитираат, но не го достигнуваат ;)
БОА системот во овој модел овозможува вртење на стегата во еден правец: вртењето е кон напред и од двете страни - и служи за затегнување. За олабавување или соблекување на патиката, стегата само треба да се извлече нанадвор и со тоа се олабавува целиот систем/сајла.

За ѓонот:
GAERNE EPS LIGHTWEIGHT FULL CARBON SOLE 10.0
Гаранција за мала тежина и ригидност! Ултратенкиот карбон овозможува стопалото да биде поставено на минамално растојание од педалите, со што се постигнува максимална моќност при педалирањето, без загуба на енергија. Во овој ѓон се поставени два канали за вентилација, а исто така и додатоци во делот под прстите и петата кои штитат од пролизгување при одење. Задниот додаток може да се менува откако ќе се истроши.
Висок индекс на крутост: 10

За влошката:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, fuga