Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne Chrono + carbon

Gaerne Chrono + carbon
Бренд: Gaerne
Код на производот: Gaerne
Достапност: 1
17,900ден.
14,300ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Од овој модел на залиха имаме само уште еден пар - во број 43!!!
Одлична цена со 20% ПОПУСТ!!!

Овој модел е изработен студиозно – до најмалиот детал и ќе ги исполни очекувањата и на најпребирливите возачи.

Најновата целосно карбонска основа (GAERNE EPS LIGHT WEIGHT FULL CARBON SOLE), гарантира апсолутно најмала тежина и крутост. Ултра тенкиот карбон, овозможува стопалото да е поставено на минимално растојание од педалите, со што се овозможува педалирање без загуба на енергија. Два канали, поставени во ѓонот – овозможуваат совршена вентилација за време на возењето. На ѓонот, во предниот и задниот дел, исто така поставени се и гумени додатоци, со кои се овозможува безбедно чекорење. Заедниот гумен дел може да се менува. Ѓонот е компатибилен со сите фиксирачки типови на педали.

Комфор: нема точки на притисок благодарение на Боа системот за затегнување, кој гарантира прецизност, издржливост и комфор. Овој систем кај овој модел се состои од 2 стеги кои се многу прецизни и фино се подесуваат и сајла од нерѓосувачки челик. Боа технологијата гарантира дека овој систем е издржлив, толку колку што ќе издржи воопшто и патиката.

Дишливост: Горниот дел е изработен од микрофибер со ласерски дупчења. Заедно со анатомскиот јазик, тој овозможува одлична дишливост и совршена клима за возачот. Овој модел е изработен со ТСС технологија, која овозможува совршена поставеност на стопалата внатре во чевлата и се постигнува и кружно, поефикасно движење со педалите.

Заштитен дел околу зглобот: анатомска форма која нема да се деформира или ослабне и која овозможува најдорба стабилност и контрола за стопалото. Покрај тоа, од надворешна страна таа има рефлектирачки елементи кои служат за ваша безбедност – да бидете видени во услови на слаба светлина.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne chrono plus carbon