Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide

Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide
Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide Gaerne G. Sprint Carbon 8.0 black wide
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 3
8,700ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Еден од најновите модели на патики за велосипедизам на Герне.

Патики за друмски велосипедизам - модел со широк калап!
Произвeдени во Италија - од Герне (Gaerne)

За моделот:
Ова е вoведниот модел на Герне - со Боа систем на затегнување, но и тој без компромис и одлични перформанси од аспект на препознатливиот фит на италијанските тркачки друмски патики и крутост (индекс 8, од комбинацијата на најлон и карбон во ѓонот).
 
За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!

За ѓонот:
GAERNE EPS CARBON POWER SOLE 8.0

Овој ѓон е направен од комбинација од најлон и карбон - кој гарантира оптимална крутост.
Малата дебелина гарантира кружно педалирање без губиток на енергија. Стабилноста на стопалото е зголемена благодарение на специјалната форма, а 5те канали за вентилација овозможуваат свежина внатре во патиката, а исто така има и додатоци во делот под прстите и петата кои штитат од пролизгување при одење. Задниот додаток може да се менува откако ќе се истроши. Позицијата на клитот може да се менува за дополнителни 9мм од претходните решенија, а во тој дел од ѓонот, исцртана е и скала со мерки по кои може да се запомни позицијата на клитот при неговото поместување/подесување како и менување.
Кај овој модел зголемен е опсегот на поставување на клит за 9мм во споредба со претходниот модел.
Ова е ѓон со одличен индекс на крутост 8.

За влошката и јазикот:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација. Перфорации, за подобра дишливост постојат и кај јазикот, кој има комфорен фит околу горниот дел на стапалото.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, sprint, wide