Campagnolo Shamal Carbon disc brake
Кошничката е празна!
Најпродавани

Campagnolo Shamal Carbon disc brake

Campagnolo Shamal Carbon disc brake
Бренд: Campagnolo
Код на производот: Campagnolo
Достапност: 2
82,700ден.
 
   - ИЛИ -   

За Кампањоло, семејството тркала со име Шамал, од секогаш претставувало еволуциски импулс преку сопствените ограничувања - предизвик и победа! Уште од 1992 година, ова име е икона за ентузијастите, кои во Шамал го гледаа раѓањето на концептот на тркало со висок профил. Тоа беше предвесник на тоа што се случува денес на пазарот. ШАМАЛ сеуште го има истото значење за Кампањоло: кршење на калапот и соочување со иднината!

Шамал е првото тркало на Кампањоло посветено на „ендуренс“ возењето: со својот внатрешен канал од 21мм, тоа може да прифати пошироки гуми и да му овозможи на велосипедистот максимален комфор - како на трки, така и при долги возења. Овој нов производ е наменет за широка потрошувачка база, со нова, многу полесно достапна цена - но со секоја потребна карактеристика, која би гарантирала максимални перформанси и стил, толку карактатеристични за тркалата на Кампањоло!

Карбонски обрач со унидирекционален финиш и диференцирани заден и преден профил, модерен, заоблен профил, нови алуминиумски главини... Секоја одлука во дизајнот е посветена кон една единствена цел: подобрување на перформансите на возачите во долги возења/трки, овозможувајќи комфор и возливост во било какви услови!

Профилот на обрачот, со својот внатрешен канал од 21мм, совршен е за комбинирање со пошироки гуми како 25мм, 28мм или 30мм. Технологијата при изработката пак, овозможува ова тркало да е погодно да се користи и со клинчер и со тјублес гуми...

Кампањоло од секогаш бил синоним за доверба! Г3 плетката со двојни жици од левата страна на предното тркало, овозможува балансирано и безбедно кочење во секакви услови, но и целата конструкција воопшто - го прави овој производ навистина предодреден за долги возења и најтешки авантури!

Диференциран профил
Шамал е дизајниран да овозможи неверојатен комфор и при најдолгите возења - како од аспект на лош пат, така и од аспект на лесно возење, но секако, без жртвување на перформансите!
40мм на задното тркало - гаранција за максимална управливост и целосен пренос на моќта!
35мм на предното тркало - гаранција за најдобра можна возливост, во било какви услови!

Компатибилност со различни касети:
Кампањоло 10/11/12
Шимано/Срам 10/11
СРАМ 12 касета

Тежина:
1585 грама
 

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: campagnolo, shamal