Корус групата за 12-брзински системи, од италијанската компанија Кампањоло, е нов пример за систем со високи перформанси! Возачите кои ги почитуваат производите на Кампањоло од високата класа, секогаш ги сакале деловите на опремата од групата Корус - посебно поради нивниот одличен сооднос на цена и перформанси.
Не се правени никакви компромиси помеѓу оваа група и главните предности на Супер Рекорд и Рекорд 12-брзинските системи. Како надополнување на ова, Корус доаѓа со сосема нова опција на пренос: Ултра Торк со однос 32/48, покрај постоечките 34/50 и 36/52, а новина е и можноста за избор на курбла од 165мм. Ова, во комбинација со посебно подготвените касети 11-29, 11-32 и 11-34, ја прави Корус групата идеален избор на возачи кои сакаат да имаат извор за сеопфатно друмско искуство.
Корус 12с касетите
Корус групата е целосно компатибилна со касетите кои се користат за Супер Рекорд и Рекорд 12-брзинските групи (со односи 11-29 и 11-32), а во својата класа воведува и нова касета со однос 11-34, која е компатибилна единствено за Корус менувачкиот систем. Овој однос на запчаници овозможува уште поширок спектар на возни искуства од аспект на овозмжени односи помеѓу пренос и касета.
Однос на оваа касета: 11-12-13-14-15-16-17-19-22-25-28-32
Тежина: 310 грама (за 11-29 касета)