Campagnolo Record 12s
Кошничката е празна!
Најпродавани

Campagnolo Record 12s

Campagnolo Record 12s
Бренд: Campagnolo
Код на производот: campagnolo
Достапност: 1
15,200ден.
 
   - ИЛИ -   

Еволуцијата кај Кампањоло е бескрупулозна и светот на механички трансмисии доживува сериозна промена со доаѓањето на новата, софистицирана иновација: 12-брзинската Рекорд група, со хидраулични диск кочници!
12те запчаници, претставуваат нова ера за механичките групи, овозможувајќи им на возачите да достигнат нивоа на сестраност, кои претходно не биле возможни - надополнети со типичниот квалитет и доверба која со себе го носи името на Кампањоло. 
Дизајнот на новиот, 12-брзински Рекорд, овозможува подобрување на перформансите, но со задржување на истите, генерални димензии, со кои се овозможува компатибилност со сите рамови и тркала на пазарот.

Новиот заден менувач од групата Кампањоло Рекорд - за 12 брзини: прецизност, сестраност и мала тежина!
Дизајниран да ги подобри перформансите и функционалноста од секаков аспет, овој менувач има иновативна форма, со која подобро се опслужува касетата, при тоа добивајќи двоен ефект: овозможува подобро зафаќање на ланецот во секое време, со што се зголемува брзината, моќноста и прецизноста при менувањето, но исто така се добива и оптимално растојание помеѓу менувачот и касетата.
Кафезот е оптимизиран да работи и со касети со опсег 11-34, со што на возачот му се нуди едно решение, за било која достапна касета во моментов.
Горниот дел на менувачот е засилен со карбон, со што се допринесува во неговата робусност, но мала тежина, а штрафовите во заедниот дел, овозможуваат многу едноставно подесување.
Тежина: 216 грама

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: campagnolo record