Кошничката е празна!
Новиот Супер Рекорд! Сега за 12 брзини...
Ланецот за 12-брзински системи на Кампањоло, мораше да биде дизајниран „од нула“ - за да се создаде повторно нов модел од највисоката класа, кој ќе функционира совршено со новите други компоненти од тој најнов систем.
Прва и најважна цел беше да се намалат неговите димензии, па сега тој е со ширина од 5.15мм, а пиновите се совршено во линија со надворешните површини на линковите.
Втора цел беше да се заштитат секако неговите перформанси. Тоа е постигнато благодарение на „Ултра-линк“ системот, кој го прави ланецот безбеден и издржлив, а со посебен третман тој исто така е и екстремно „мазен“ при користењето, како и овозможува прецизно менување.
Тежина: 228 грама