Campagnolo Chorus 12s RD
Кошничката е празна!
Најпродавани

Campagnolo Chorus 12s RD

Campagnolo Chorus 12s RD
Бренд: Campagnolo
Код на производот: Campagnolo
Достапност: 1
10,700ден.
 
   - ИЛИ -   

Корус групата за 12-брзински системи, од италијанската компанија Кампањоло, е нов пример за систем со високи перформанси! Возачите кои ги почитуваат производите на Кампањоло од високата класа, секогаш ги сакале деловите на опремата од групата Корус - посебно поради нивниот одличен сооднос на цена и перформанси.Не се правени никакви компромиси помеѓу оваа група и главните предности на Супер Рекорд и Рекорд 12-брзинските системи. Како надополнување на ова, Корус доаѓа со сосема нова опција на пренос: Ултра Торк со однос 32/48, покрај постоечките 34/50 и 36/52, а новина е и можноста за избор на курбла од 165мм. Ова, во комбинација со посебно подготвените касети 11-29, 11-32 и 11-34, ја прави Корус групата идеален избор на возачи кои сакаат да имаат извор за сеопфатно друмско искуство.


Корус заден менувач

Задниот менувач од оваа класа, ги влече бенефитите од истатат технологија и дизајн како врвните класи на Кампањоло - инкорпорирани се софистицираноста и перформансите на Рекорд и Супер Рекорд групите. Променети се само делумно материјалите кои се користат во конструкцијата, како на пример надворешната плочка и кафезор на менувачот кои се од алуминиум. Перформансите се сосема исти како поскапите групи, а разликата се само неколку грама екстра тежина. 
Корус, исто како и кај повисоките класи, во себе ја инкорпорира оптимизираната траекторија за поголемите касети - последната еволуција на „Embrace" технологијата, со која не само што се постигнува задниот менувач да е совршено вертикално позициониран со секој запчаник од касетата, туку сега дополнително, горната ролна совршено постигнува правец - во правецот во кој се движи и самиот велосипед. 
Оваа технологија и ролните за овој 12-брзински систем, го прават задниот менувач да е соодветен за сите касети, со оптимално растојание кон секој запчаник!
Тежина: 220 грама

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: chorus, campagnolo