Специјално формулирана крема, која е наменета за заштита од рани и триење во седалниот дел, што се должи на постојан тренинг во секакви услови, а посебно во долги возења.
Во кремата се користат есенцијални, провитамински навлажнувачки состојки, кои овозможуваат долготрајно, хидрирачко чувство на кожата.
Дел од формулата на оваа крема вклучува природни состојки како алеа вера, вештерска леска, ши путер и сончогледово масло. Со овие состојки се создава умерено разладувачко чувство, со што се добива целосен комфор при возењето.
Секако, покрај заштитната бариера која ја штити кожата од оштетувања во чувствителните делови, оваа крема има исто така и антибактериски својства!
Кремата е пред се' наменета за велосипедисти, но формулата е добредојдена и за триатлонци, трчачи - сите дисциплини во кои има пролонгиран контакт и триење на некој дел од кожата со облеката/опремата.