Најиздржливиот планински ранец на Блек Дајмонд - дизајниран за сериозни планински авантури и експедиции, посебно во студени зимски услови.
Системот за носење овозможува одличен баланс, благодарение на „reACTIV“ гуртната за околу половина и „SwingArm“ прерамките, а по потреба, повеќето елементи и можат да се отстранат од него: споменатата гуртна за околу половина, како и капата на пример.
Во дизајнот исто така се вклучени и гуртни за затегнување и џепчиња за врвовите на цепините - за зголемена безбедност кога се пешачи или при транспорт кога не се користат цепините; преден дел за дерези; гуртна во горниот дел за затегнување на јаже/опрема и други детали, а секако и компатибилност со системи/резервоари за хидратација.
Материјал: 420Д најлон
Волумен: 45Л
Тежина: 1.75кг