Black Diamond Storm 500-R
Кошничката е празна!
Најпродавани

Black Diamond Storm 500-R

Black Diamond Storm 500-R
Black Diamond Storm 500-R Black Diamond Storm 500-R Black Diamond Storm 500-R Black Diamond Storm 500-R
Бренд: Black Diamond
Код на производот: black diamond
Достапност: 1
4,300ден.
 
   - ИЛИ -   

За корисник кој сака сериозни технички перформанси, но исто така и мал, компактен уред, кој е и штедлив, бидејќи доаѓа со батерија на полнење.

Сторм 500-Р е модел на челна лампа, која доаѓа со интегрирана 2400mAh литиум-ионска батерија, која може да се полни преку соодвениот микро-УСБ порт вграден во куќиштето и која како што кажува нејзиното име, има 500 лумени во нејзината максимална сила. 

Лампата има ниво на водоотпорност IP67, што значи дека при тестовите, покажала дека може да издржи да биде и целосно потопена под вода на длабочина од 1м до 30 минути.

Како и сите лампи на Блек Дајмонд, така и оваа, доаѓа со ПаверТеп технологијата, која овозможува брзо и едноставно преминување од функција на целосно светло во функција на трепкачко светло, а секако и функција на димер, за прецизно подесување на силата на светлото, согласно потребите и преференците. 

Секако, таа поседува и функција на Меморија на светлина со која лампата се исклучува и вклучува на последното посакувано ниво на моќност, без да имате потреба од почеток да користите димер, за да стигнете до тоа ниво од најниското или највисокото... Исто така таа има и црвена, зелена и сина диода/светлина за во камп услови, заклучување со цел да се спречи несакано вклучување во ранецот итн...

Тежина: 100гр.
Сноп на светлина: до 120 метри (максимално), 60 метри (средно) и 12 метри (при ниско ниво на селектирана моќност)

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: black diamond, storm 500