Asolo Drifter I GV EVO
Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Drifter I GV EVO

Asolo Drifter I GV EVO
Asolo Drifter I GV EVO Asolo Drifter I GV EVO Asolo Drifter I GV EVO Asolo Drifter I GV EVO
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 10
14,800ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Лесни 3-сезонски чевли за планинарење: Асоло Дрифтер 1 ГВ ЕВО!
Најновиот модел на најпродаваната чевла кај нас - омилен избор на голем број на планинари, водичи и спасители.

Водоодбивната кожа, во комбинација со Кордура овозможуваат заштита и комфор, а Гортекс Перформанс Комфор класата на водоотпорна мембрана - одлична водоотпорност и дишливост. Чевлата во својата конструкција има два различни слоја, со различна густина во својот состав: едниот нуди поддршка и стабилност при движењето, а другиот комфор и мекост. 

Во ѓонот се користи МегаГрип компонентата, која како што кажува и самото нејзино име - има одличен грип, а над и околу прстите во конструкцијата се користи и фина поцврста заштита од удари при движењето во камења, корења... Асоло секогаш внимава во изработката на сите детали, па така е и со системот за врзување кој овозможува брзо и прецизно подесување.

Спецификација

Материјал : Водоодбивна кожа 1,6-1,8мм + кордура
Водоотпорна мембрана : Gore-Tex Performance Comfort Footwear
Основа : Asoflex 00 MR
Анатомска влошка : Lite 2
Ѓон : Asolo/Vibram® Duo Radiant (Megagrip)
Тежина : 593 грама за една чевла во големина 8 UK

За компанијата:

Наш избор во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО. Малку за историјата на оваа компанија.

Асоло е основана во 1975 година, од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, drifter