Asolo 6B+
Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo 6B+

Asolo 6B+
Asolo 6B+ Asolo 6B+
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност: 10
21,900ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Чевли за техничко планинарење и алпинизам - за технички терен и мраз. Одлична заштита и стабилност и за „нашите планини“! Не ги потценувајте нашите планини во зимски услови, каде е потребна сериозна термо заштита, отпорност и стабилност!

Водоодбивен Шелер К-Тек материјал од едно парче во комбинација со водоотпорна Гор-Текс мембрана, како и термо изолација - а со можност да се постават и автоматски дерези.

Материјал: водоодбивен Шелер К-Тек материјал + микрофибер
Водоотпорна мембрана: Gore-Tex Insulated Comfort Footwear
Основа: Duo Asoflex Ascent во најлон + фиберглас + Eva слој
Анатомска влошка: Lite 3
Ѓон: Vibram Vertical + Pebax рамка + ПУ „анти шок“ вметок
Тежина: 910 грама за една чевла со големина 42


За компанијата:

Наш избор, во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење, успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО.
Малку за историјата на оваа компанија:

Асоло е основана во 1975 година од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.
Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.

Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, 6b+