Asolo Arctic GV
Кошничката е празна!
Најпродавани

Asolo Arctic GV

Asolo Arctic GV
Asolo Arctic GV Asolo Arctic GV Asolo Arctic GV
Бренд: Asolo
Код на производот: asolo
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
0ден.

Овој модел од италијанската компанија АСОЛО, е дизајниран да Ви служи во текот на студените периоди од годината. Водоодбивната кожа и издржливиот најлон кои се користат како надворешен материјал, нудат комфор, заштита и стабилност, додека пак соодветната класа на ГорТекс мембрана - нуди не само дишливост и водоотпорност, туку и термоизолација (се работи за „Insulated Comfort“ класата на овие мембрани).

Ѓонот е исто така посебно наменет за тие студени (а со тоа веројатно и снежни/ подмрзнати) услови: главниот елемент е Vibram Ghiaccio модел на ѓон, но во него во средишниот дел посебно, се забележува присуството на „Arctic Grip“ компонентата, која овозможува одличен грип на студени, подмрзнати и снежни подлоги. 
За уште поголема заштита, но и продолжен животен век на моделот, чевлите се заштитени во цела должина, со појас во делот околу стопалото со ПУ материјал!
За Ваша поголема безбедност пак во тие снежни денови, во чевлите е инкорпориран RECCO рефлектор, кој овозможува во секој момент, планинските служби за пребарување и спасување, кои би го имале соодветниот пребарувач - полесно и побрзо да Ве лоцираат во спасувачка ситуација.

Видео за Вибрам Арктик Грип компонентата која се користи во овие чевли:

Сосема на кратко значи: се работи за планинарска чевла наменета за студени денови со соодветна термо изолација од висока класа, одлично одбрани материјали за заштита на конструкцијата, безбедносни вметоци итн - а сепак, исто така и многу лесен модел!

Спецификација:
Материјал: водоодбивна кожа со издржлив најлон
Мембрана: Gore-Tex Insulated Comfort Footwear
Основа: Asoflex 00 SR
Анатомска влошка: Lite 2 Alu
Ѓон: Vibram Ghiaccio надополнет со Arctic Grip компонента
Тежина: 570 грама за чевла со големина 42


За компанијата:

Наш избор, во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.

Во сегментот за чевли за планинарење, успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО.
Малку за историјата на оваа компанија:

Асоло е основана во 1975 година од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.

Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!

Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.

Чест е да се биде дел од нивната работа!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: asolo, arctic