Black Diamond Mission Leather Low
Кошничката е празна!
Најпродавани

Black Diamond Mission Leather Low

Black Diamond Mission Leather Low
Black Diamond Mission Leather Low Black Diamond Mission Leather Low Black Diamond Mission Leather Low Black Diamond Mission Leather Low Black Diamond Mission Leather Low Black Diamond Mission Leather Low
Бренд: Black Diamond
Код на производот: black diamond
Достапност: 12
10,900ден.

Достапни опции


* UK Големини:

 
   - ИЛИ -   

Дизајнирани да Ви дадат соодветна поддршка и заштита при секој чекор, овие ниски чевли за планинарење се исто така и водоотпорни и можат да бидат партнер во Вашите авантури во текот на целата година - конструирани со високо-квалитетна Нубук кожа и водоотпорната и дишечка мембрана на Блек Дајмонд, позната како БД.драј, тие нудат одлична заштита и при поминување на разни водени препреки: снег, потоци...

Обложениот дел околу зглобот дава потпора при поминување на сипари и друг карпест терен, а ѓонот во делот под прстите, како и самата гумена заштита околу прстите, инаку произведени од „лепливата гума“ на Блек Дајмонд („BlackLabel Mountain"), овозможуваат прецизно застанување и при поминување на потехнички терен.

Длабоките засеци во ѓонот, овозможуваат одличен грип и во калливи ситуации, јазикот е целосно обложен - за максимален комфор, а конструкцијата е таква да чевлите даваат фина стабилност и крутост при движење во вертикален терен или по виа ферати. Во моментот пак кога алпинистите сакаат да облечат патики за качување, на овие чевли постојат неколку опции на замки, со кои може да се закачат истите на појасот за качување...

Основни спецификации:
- Водоотпорна и дишечка мембрана на Блек Дајмонд, позната како БД.драј;
- Највисока класа на Нубук кожа;
- „Леплива“ гума во ѓонот, за одличен грип и прецизно застанување на потехнички терен;
- Засеци во ѓонот кои исто така имаат одличен грип во кал;
- Комфорна за виа ферати и техничко качување благодарение на дизајнот на ѓонот;
- Маскимално комфорен, целосен јазик, кој со тоа и Ве штити од навлегување на ситни парчиња земја и други валканици;
- Минимални шевови, внимателно поставени да бидат заштитени од износување и триење...

Тежина: 333 грама

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bd, black diamond, mission, leather