Ниски чевли за планинарење - одлични и за на посуров терен.
Произведени од полиестер, засилен со ТПУ материјали кои покрај заштитата, нудат и комфор, а материјалот одбран за поставата во внатрешноста - дишливост и анти-бактериска заштита.
Подлогата на чевлата е изработена од материјал кој нуди најдобра стабилност, поддршка и комфор, а АС-Тек технологијата - структурна и странична стабилност. Ѓонот има дизајн со кој се забрзува неговото чистење при самото движење, а одличниот грип ја нуди Сигма Грип компонентата - развивана од Асоло.
На ова, се надодаваат многу детали, па би ги издвоиле уште и ТПУ заштитата над прстите, термо-оформувачкиот јазик со кој се гарантира уште подобар фит околу секое стопало, а секако и самиот систем за врзување - кој нуди прецизно затегнување...
Спецификација:
Надворешен материјал: полиестер со ТПУ
Водоотпорна мембрана: Gore-Tex Extended Comfort Footwear
Анатомска влошка: Asolo/Ortholite
Ѓон: Asolo Cross со Sigma компонента
Тежина: 370 грама за една чевла број 42
За компанијата:
Наш избор, во колку што повеќе можеме сегменти, е да понудиме производи, кои потекнуваат од компанија која специјализирала во тоа поле. Компанија која целосно се вложила, да во тоа што го работи - навистина понуди највисок квалитет и перформанси.
Во сегментот за чевли за планинарење, успеавме во оваа наша заложба и изборот го направивме на италијанската АСОЛО.
Малку за историјата на оваа компанија:
Асоло е основана во 1975 година од страна на Џанкарло Танци и своето име го добива по истоимениот град во северо-истокот на Италија, кој се наоѓа во близината на Венеција - каде што првично таа и е основана.
Асоло од секогаш била компанија - пионер во иновацијата. Пар примери:
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која е комбинација на кожа и текстил (Кордура во случајот)
-Асоло е компанијата која ја произведува првата чевла која користи ГорТекс мембрана.
Овие две иновации не само што го сменија пазарот - ја сменија воопшто индустријата за производство на чевли за планинарење!
Во 1998 година, водењето на компанијата ја превзема семејството Заната - кое пак има семејна традиција во чевларството од 1946 година. Асоло денес ја води 4тата генерација од ова семејство по нивното превземање на Асоло - подеднакво посветено во пронаоѓањето на совршениот микс на традиција, квалитет и иновација.
Чест е да се биде дел од нивната работа!