Кошничката е празна!
Најпродавани

Millet Elium 25 LD

Millet Elium 25 LD
Millet Elium 25 LD Millet Elium 25 LD
Бренд: Millet
Код на производот: Millet
Достапност: 1
6,900ден.
 
   - ИЛИ -   

Женски модел: грб прилагоден на женско торзо.
Целосно одвоен од грбот со мрежа.

Ранче со „средна“ големина, погодно за планинарење на секаков терен и прошетки. Волуменот и т.н. „Спорт перформанс“ форма му даваат тенка силуета, а со тоа се овозможува слобода во движењето и носењето по стрмен и технички терен.
„Airflow Suspended back™“ конструкцијата на грбот е специјално дизајнирана за да ја зголеми вентилацијата при поинтензивни активности. Главна карактеристика е надворешната рамка, која го одвојува товарот од телото, со што се создава простор за движење на воздухот и ранецот е навистина погоден за лесно и брзо движење и при високи температури.

Перфорираните гуртни за рамењата и околу половината, овозможуваат како оптимална дишливост, така и комфорно носење. Во гуртната околу половината има и џеб со патент во кој може да се постават ситни работи како мал апарат, лабело и некое барче за освежување.
Гуртните за одморање на рацете го олеснуваат напредувањето и помагаат во подобрување на циркулацијата на крвта во рацете.
Ранецот има две комори/пристапи за полнење, капа во која има мушама/прекривка за заштита од дожд, странични гуртни за затеганување, два системи за поставување на цепини и штеки, компатибилност со резервоари/мешини за хидратација итн, а материјалот од кој е изработен е многу лесен и издржлив. Супер практичен модел!

Активности:
Планинарење

Спецификација:
-„хајкинг“ фит; капа со две токи,
-патент од предната страна за пристап до внатрешноста на ранецот,
-преден џеб на патент, странични џебови од еластична мрежа,
-Quick Axe™ држач за цепини, Speed Poles™ држач за штеки,
- странични гуртни за компресија, гуртни во долниот дел за поставување на дополнителна опрема,
-капа со два џеба на патенти,
-компатибилност со резервоар/мешина за хидратација,
-мушама/прекривка за заштита од дожд..

Материјали:
-„ласерски крој“
-N 0563 N 200 D 200 D PU
-N 0491 N 200D 200 D R/S SD
-P 600 D PES
-вентилација во делот на грбот: „Ventilated Mesh Back“

Тежина:
1.01кг

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: millet elium 25 ld