Rock Empire 120cm/10mm dyneema
Кошничката е празна!
Најпродавани

Rock Empire 120cm/10mm dyneema

Rock Empire 120cm/10mm dyneema
Бренд: Rock Empire
Код на производот: Rock Empire
Достапност: 9
630ден.
 
   - ИЛИ -   

Dyneema гуртна
Должина: 120цм
Ширина: 10мм
Сила: 22kN

Гуртни - препораки и забелешки од производителот, чешката компанија Рок Емпаер

Предупредување: 
Активности како качување, спелеологија или кањонеринг се многу опасни и може да предизвикаат повреди или смрт. Секој корисник е самиот одговорен за користење на правилни техники при практикувањето на овие активности.

Упатство за употреба:
Да се избегнува контакт со киселини и бази. Да не се чува под влијание на УВ зрачења. Да се избегнуваат сите остри предмети, рабови на карпа, да се внимава при одрони, контакт со дерези, цепини итн. Да се користат само со карабинери кои се ЦЕ (CE) сертифицирани.

Контрола:
Пред и после секоја употреба, визуелно прегледајте го производот. Ако постојат забележливи недостатоци кои би ја намалиле неговата носивост - веднаш да се престане со негово користење. После тежок пад или големо оптеретување - исто така мора веднаш да се повлече од употреба.

Рок на траење:
Без да се земе во предвид абење и механичко оштетување, овој производ може да се користи 10 години. Всушност, механичко оштетување може да значи исклучување од употрева и после првото користење.
Доколку се задоволени условите за складирање, овој производ може да се складира и до 5 години.

Чистење и одржување:
Да се пере само во чиста вода, а евентуално ако се користи сапун, тој да биде пХ неутрален. Да се суши на провев и доволно далеку од извори на топлина и УВ зраци.

Складирање:
Да се чува на суво, темно и добро проветрено место. Да се заштити од прашина и сите агресивни влијанија.

Внимание:
Забранети се било какви промени во производот.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: Rock Empire open sling