Julbo Camino SP3CF
Кошничката е празна!
Најпродавани

Julbo Camino SP3CF

Julbo Camino SP3CF
Бренд: Julbo
Код на производот: julbo
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
0ден.

Камино е модел за широк спектар на планински и други активни спортови - многу лесни очила кои ќе Ви помогнат во целта да одите полесно и подалеку!

Со ергономски профил, со одличен грип на лицето и околу главата, овој модел доаѓа со странични штитници од дополнителна странична рефлексија/зрачење, кои ако условите тоа не го бараат - можат да се отстранат и очилата со тоа стануваат уште покомпактни и ненаметливи и можат да се користат во разно-разни секојдневни активности, каде сакате заштитата од Сонцето секако да биде на докажано високо ниво!

Доаѓаат во комплет со подесувачки врвки од моделот Експлорер.

Овој модел на Камино е со Спектрон 3ЦФ леќа на Јулбо! 
Тоа е поликарбонатна леќа со антирефлектирачки/огледало слој на нејзе - го подобрува визуелниот комфор со елиминација на непосакуваните рефлексии.
Таа „пропушта“ малку повеќе светлина низ нејзе во споредба со Спектрон 4 леќата, а со тоа нуди и уште поголема „универзалност“ - може да се користи за поширок спектар на спортови, каде што не е потребно толку затемнување.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: julbo, camino