Bianchi Infinito XE 105
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Infinito XE 105

Bianchi Infinito XE 105
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
188,000ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Независно дали учествувате во некој Гран Фодно настан или пак ги буткате Вашите лимити во Ваша сопствена - соло авантура, „ендуренс“ моделите на Бјанки се овде за Вас, да можете да возите повеќе/подолго, без органичувања!

Спецификација

Рам: Infinito XE Disc carbon, гарнитура 1.1/8"- 1.5", компатибилност со механички и електронски менувачки системи, компатибилност со гуми со 32-ка ширина, PressFit 86,5x41мм осовина, thru axle 12x142mm
Вилушка: Bianchi Full Carbon Disc, 1.5" гарнитура, thru axle 12x100мм, компатибилност со гуми со 32-ка ширина
Гарнитура: Fsa NO.42/47CF/ACB/5D
Шифтери: Shimano 105 ST-R7020 2x11sp, хидраулични диск кочници, Shimano 105 ST-R7025 2x11sp помала рачка за големина на рам 47-50-53цм
Заден менувач: Shimano 105 RD-R7000 GS 11sp
Преден менувач: Shimano 105 FD-R7000-L
Пренос: Shimano 105 FC-R7000 50x34T, Hollowtech II, курбла/рам: 170mm-47/53cm, 172.5mm-55/59cm, 175mm-61cm
Средна осовина: Shimano SM-BB71-41B, PressFit
Ланец: Kmc X11-1 EPT finish, 11sp
Касета: Shimano 105 CS-R7000, 11-12-13-14-16-18-20-22-25-28-32T
Хидраулични диск Кочници: Shimano BR-RS505
Ротори: Shimano SM-RT70, diam. 160mm
Тркала: Fulcrum Racing 918 DB, 2WF-R C19, thru axle front 12x100mm - rear 12x142mm
Гуми: Vittoria Zaffiro Pro V 700x28
Стем: Velomann, 3D Forged alloy 6061, rise +/ - 7°, height 38mm, Oversize, 1.1/8", Ext: 70mm-47cm, 90mm-50cm, 100mm-53cm, 110mm-55cm, 120mm-57cm/61cm
Волан: Velomann Compact, Flat Top, alloy 6061 diam. 31,8mm, reach 80mm, drop 130mm, Size: 400mm-44/53cm, 420mm-55/59cm, 440mm-61cm
Трака: La Spirale Ribbon cork
Колче: Velomann alloy shaft 2014, head alloy 6061, сетбек 25мм, должина/рам: 350mm-47/57cm; 380mm-59/61cm
Седло: Velomann 1966, 250x148mm

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, infinito, xe