Mund Slope - DryTex
Кошничката е празна!
Најпродавани

Mund Slope - DryTex

Mund Slope - DryTex
Mund Slope - DryTex Mund Slope - DryTex Mund Slope - DryTex Mund Slope - DryTex
Бренд: Mund
Код на производот: mund
Достапност: 6
600ден.

Достапни опции


* Големина:

 
   - ИЛИ -   

Mund Slope

Модел на летни чорапи за планинарење, од Премиум серијата на Мунд!
Во својата конструкција тие инкорпорираат: DRYTEX® ANTIBACTERIAL влакна и THERMO DINAMIC® третман. ДрајТекс влакната имаат сребрени јони во својата структура и со тоа се добива антибактериско својство на чорапите, со што пак се елиминира лош мирис и се подобрува регенерацијата на кожата. Термо Динамик третманот пак, гарантира движење на влагата кон надвор, 25% побрзо во споредба кога таков третман не е нанесен на чорапите...

Достапни се во 4 големини:
С (34-37)
М (38-41)
Л (42-45)
ХЛ (46-49)

Овој модел е без шевови, за уште поголем комфор, доаѓа со посебно подготвена лева и десна чорапа, има плетка во форма на саќе за уште подобар пренос на влага итн - многу детали, за Ваш комфор и пријатно чувство! 

Температурен опсег: до 30°C
Сезона: лето
Препорачана активност: трекинг, долги планински тури, прошетки во природа

Главни влакна: Drytex® Antibacterial
Состав: 75% Drytex® Antibacterial третирани со Thermo Dinamic®, 15% Lycra®, 10% Polyamide

Тежина: 55 грама/пар

Препораки за негување: да не се пегла, суши, да не се користат средства за избелување, да се пере на 30°C

***
За компанијата
МУНД

Оваа компанија потекнува од планинските предели на Сиера де ла Деманда (Бургос, Шпанија). Фабриката се наоѓа во градот Прадолуенго, чија текстилна традиција постои од 16-тиот век. 
Производството на МУНД претставува сплотено, вековко генерациско знаење од областа на текстилната инудстрија, надополнето со најнајпредните технологии и дизајни на денешницата.
Работата на компанијата се состои од комбинација на континуирано истражување на „паметни“ влакна и развој на иновативни дизајни - се’ со цел да се понуди најдобриот производ на заедницата која ги практикува планинските спортови.
Достапност, комфор, добробит! - Во МУНД веруваат дека планините и спортот треба да се достапни и посветени се во тоа да произведат висококвалитетен производ - по многу достапни цени! Тие сакаат да овозможат комфор и добробит секому кој ги сака планините, како што ги сакаат и тие...

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: mund, slope, drytex