Bianchi Specialissima disc
Кошничката е празна!
Најпродавани

Bianchi Specialissima disc

Bianchi Specialissima disc
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
350,000ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Целосно редизајнирана, Специалисимата на Бјанки го задржува карактерот на „олараундер“: велосипед кој ќе Ви помогне да прелетате преку ридските сегменти, но и да доминирате на рамните! 

Од секогаш - Специалисима била врвниот модел во палетата на Бјанки! Се’ до сега, овој модел беше целосно посветен на планинските етапи, со посебен фокус на најдобриот баланс помеѓу крутоста и тежината. Новата Специалисима ја задржува малата тежина и класичниот лик и покрај аеро деталите во нејзе или диск кочниците, но се поместува од категоријата на чист „брдски модел“, во категоријата на универзален тркачки модел.

Главни карактеристики:
Аеродинамика: Специалисимата прифати неколку аеро карактеристики од Олтрето, како на пример интеграцијата на вилушката, стегата за колчето, поагресивната предница, како и профилот на цевките.

АЦР интеграција: Сите кабли може да бидат интегрирани во воланот и рамот благодарение на АЦР системот на ФСА, со што се добива супериорен чист лик. Секако, можете да одберете дали сакате класичен волан и стем или итегриран Вижн Метрон систем. 

Односот на крутоста и тежината: Ова е главната карактеристика на Специалисимата, благодарение на што со нејзе со голема ефикасност се искачуваат и најстрмните планини, но и се реализираат силни спринтеви. Тежината на рамот, дизајниран за диск кочници, а со инкорпорирање и на уникатната Каунтервеил ултралесна технологија, достигнува 830 грама. 

Комфор и стабилност: 28-милиметарските гуми во комбинација со уникатната технологија со наслов Каунтервеил, овозможуваат апсорбирање на 80% од вибрациите со што, заштитувајќи го Вашето тело, се минимизира загуба на енергија. Со оваа технологија исто така се добива и одлична стабилност на велосипедот при брзи спустови, а токму во тие моменти пак, диск кочниците доаѓаат во израз, нудејќи неспоредлива кочна модулација и ефикасност во било какви временски услови.

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – 135 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi, specialissima