Кошничката е празна!
Најпродавани

BC Link Group Communications

BC Link Group Communications
Бренд: BCA
Код на производот: BCA
Достапност: 10
9,800ден.
 
   - ИЛИ -   

Добрата тимска комуникација е клучен фактор за еден успешен ден исполнет со авантура. Побрзо лоцирање на одвоени членови на тимот, споделување на планови, забелешки за условите во планината, реонот, снегот и слично. Интерфејсот е на дофат на вашите прсти и никогаш нема да мора да го симнувате ранецот за да ги менувате сетинзите.
Доаѓа во пакет со долготрајна, литиум-ионска батерија која може да се полни повеќекратно.
Радио станицата работи на 22 FRS GMRS канали + 121 подканали и со тоа во голема мера се намалува можноста за помешување во комуникациите со други луѓе.
Батеријата со едно полнење може да се користи до 4 дена во студени услови.

Тежина: 340 грама
Големина на микрофон/интерфејс: 8х4х4.5цм
Големина на база: 6х5х15цм

Многу едноставна интеграција во БЦА ранците Стеш и Флоат (исто така достапни во нашиот продажен центар). Радио станицата овозможува претходна селекција на канали, лесно се работи со ракавици, на делот со микрофонот има прекинувач за вклучување/исклучување, контрола на сила на звук, индикатор за батерија, селекција на канали, џек за слушалици...

Домет
БЦ Линк радио станиците примаат сигнал до 9 километри, а дометот се менува во зависност од тоа колку е чисто растојанието помеѓу двата субјекти кои ги користат станиците т.е. дали има некакви препреки како на пример густ појас на шума, карпести скокови и слично.

Водотпроност
БЦ Линк радио станиците се водоодбивни, но не и водоотпорни. При користење на радио станиците за време на силни падежи на снег или врнежи на дожд, се препорачува делот на кој е микрофонот/интерфејсот кој најчесто и од практични причини е на дофат - да биде засолнет од директен контакт со водата за негова заштита и превенција.

Слушалки
БЦ Линк радио станиците може да се користат со интегрираните слушалки кои ги има во некои шлемови или со било кои други слушалки кои имаат 3.5мм џек.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: BC Link