Campagnolo Record 12s DB
Кошничката е празна!
Најпродавани

Campagnolo Record 12s DB

Campagnolo Record 12s DB
Бренд: Campagnolo
Код на производот: campagnolo
Достапност: 1
147,400ден.
 
   - ИЛИ -   

Еволуцијата кај Кампањоло е бескрупулозна и светот на механички трансмисии доживува сериозна промена со доаѓањето на новата, софистицирана иновација: 12-брзинската Рекорд група, со хидраулични диск кочници!

12те запчаници, претставуваат нова ера за механичките групи, овозможувајќи им на возачите да достигнат нивоа на сестраност, кои претходно не биле возможни - надополнети со типичниот квалитет и доверба која со себе го носи името на Кампањоло. 

Дизајнот на новиот, 12-брзински Рекорд, овозможува подобрување на перформансите, но со задржување на истите, генерални димензии, со кои се овозможува компатибилност со сите рамови и тркала на пазарот. 
Што се однесува до компонентите: ланецот за овој 12-брзински систем, сега е потенок, но со подеднаков или подолг животен век од ланецот за 11-брзинскиот систем; преносот е целосно редизајниран со цел да биде ефективен со широк спектар на позиции на ланецот; задниот менувач има опфат на касети до 34 запци; предниот менувач е олеснет, со цел да се добие помала големина, но со задржана ефективност на различни рамови и типови на велосипед...

Како надополнување на сето ова, секако доаѓаат хидрауличните диск кочници, кои овозможуваат кочна моќ, без жртвување на лесното одржување на тркалата и менувањето, благодарение на посебно инкорпорирани технолошки мерки.

Групата за диск кочници од оваа класа, која ние Ви ја нудиме од залиха во нашиот продажен центар, се состои од следните делови:

Кампањоло Рекорд 12с преден менувач
Кампањоло Рекорд 12с заден менувач
Кампањоло Рекорд 12с пренос 36/52 со 172.5мм курбла
Кампањоло Рекорд 12с Шифтери/хидраулика систем на кочници
Кампањоло Супер Рекорд 12с касета 11-32 или 11-34 по Ваш избор
Кампањоло Супер Рекорд 12с ланец
Кампањоло 03 АФС ротори 160мм

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: campagnolo, record