Зима на 8 000
Кошничката е празна!
Најпродавани

Зима на 8 000

Зима на 8 000
Бренд: Eho MFF
Код на производот: Eho
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
600ден.

„Зима на 8 000“ - Бернадет Мекдоналд
Издавач: Алпинизам.орг (Ехо Фестивал на планински филм)
Број на страни: 290
Димензии на книгата: 165х235мм
Мека корица

Од издавачот - пред почетокот на 12тото издание на Ехо, Фестивалот на планински филм, септември 2021

Почитувани пријатели и вљубеници во планините и планинските спортови,
Со големо задоволство би сакале да најавиме, дека со поддршка на Амбасадата на Р. Полска, во текот на овогодинешното издание на ЕХО, ќе издадеме нова, капитална книга, посветена на еден од најсериозните предизвици во највисоките планини: нивното искачување во зимски услови!
Книгата е со наслов „Зима на 8 000“ - за искачувањата на највисоките планини во најстудената сезона и е напишана од нам веќе добро познатата авторка, Бернадет Мекдоналд.

Можеби не би очекувале качувањето на планините повисоки од 8000 метри да биде популарна активност, но сепак статистиката покажува дека заклучно со 2019 година, во најсуровата сезона, во Хималаите и во Каракорум, биле организирани 178 експедиции.
Полскиот алпинист, Војтек Куртика, го именуваше овој начин на практикување на алпинизмот: „уметноста на страдањето“. Приказните почнуваат со оригиналните „ледени водини“ – Анджеј Завада и неговите полски тимови на хималајски алпинисти, кои систематски направиле први зимски искачувања на повеќе од половината планини повисоки од 8000 метри. Но, иако Полјаците доминираат во оваа зимска игра цела една генерација, целосната приказна е интернационална и во книгата се споменуваат и многу други следни зимски обиди и искачувања од алпинисти од други земји: Јапонија, Франција, Италија, САД, Казахстан итн.

Наградуваната авторка, Бернадет Мекдоналд, патува интензивно по светот, за да направи интервјуа со што поголем број од алпинистите споменати во оваа книга. Личното познавање на повеќето силни алпинисти на Мекдоналд, како и нејзината умешност да навлезе во нивните емоции и семејните приказни и истории, ја прави оваа книга „Зима на 8 000“, интимно искуство, кое многу често недостасува во планинската литература.

***

Читајќи ја одличната книга на Бернадет, ми надојдоа спомени од нашиот обид на jугозападната страна на Еверест, есента во 1972 година, кога нѐ совладаа ветрот и незамисливиот студ. К2 е единствениот врв од 8 000 метри сѐ уште неискачен зиме. Познат е како најтешката и најопасната планина во светот, а неговото прво зимско искачување и понатаму претставува огромен предизвик за сегашните и идните алпинисти.
СЕР КРИС БОНИНГТОН
Ниту едни приказни не се толку застрашувачки, драматични и трогателни како битките во недоглед, честите трагедии и ретките успеси во зимскиот хималајски алпинизам.
СТИВ ХАУС, АЛПИНИСТ, АВТОР НА „ЗАД ПЛАНИНАТА“
Мекдоналд блеснува пламено и интимно светло во душите на оние што се водат себеси до работ на човечки возможното. Вистинска алпинистичка класика.
ЏИМИ ЧИН, КОРЕЖИСЕР НА „СЛОБОДНО СОЛО“

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: зима на 8000, зима на 8 000