Кошничката е празна!
Овој модел на ротор на Шимано, овозможува континуирани перформанси и при долги симнувања. Конструкцијата ја карактеризира трослојна, „сендвич“ конструкција, чиј дизјн и избор на материјали во огромна мера помагаат во распределување на топлината која се создава при триењето со пакните.
Во тоа „ладење“ дополнително помагаат и „перките“ во дизајнот - посебно поради нивната зголемена површина. Поради изразениот ефект на ладење, можат да се користат и помали ротори од вообичаено.
Овој модел е „центер лок“ и е компатибилен и со органски и со метални пакни.