Кошничката е празна!
Најпродавани

BCA Float 22 lime

BCA Float 22 lime
Бренд: BCA
Код на производот: BCA
Достапност: 1
31,000ден.
 
   - ИЛИ -   

Горди сме што во Македонија ја претставуваме компанијата Backcountry Access - име со најголема доверба во светот на лавинската безбедност, компанија која е сериозно посветена на осмислување на најпрактични производи за лавинска безбедност, но и постојана едукација на заедницата и своите клиенти!

BCA Float ранците се најлесни и со најпристапна цена на пазарот, а нашиот тим стои на располагање за детално објаснување за нивното користење, како и околу други елементи од лавинската безбедност!

Наменски ски ранец во кој има воздушно перниче, кој служи за превенција или намалување на опасноста од тоа да бидете затрупани во лавина.
Во цената не вклучен и цилиндар со воздух!!!

  • -  Волумен: 22 литри (кога е со системот во него)
  • -  Волумен: 29 литри (кога е празен ранецот)
  • -  Teжина на целиот систем: 2992 грама
  • -  Тежина на ранецот без цилиндер: 2342 грама
  • -  Тежина само на ранецот: 1580 грама
  • -  Материјали: 330 double rip stop nylon + 840 ballistic nylon

Превенцијата или минимизирањето на длабочината на затрупување е клучен момент во намалувањето на жртвите во лавините. Тоа се должи на тоа што најголемиот дел од времето се троши во откопување на затрупаниот во лавината. Ранецот со воздушно перниче е дизајниран да ве држи на површината или близу површината - минимизирајќи го времето за откопување.

Флоат ранците на БЦА се со одлична цена и се едноставни за повеќекратно користење. Широката мрежа за повторно полнење на цилиндрите го вклучува и продажниот центар на Аутдор.мк во Македонија, каде Ви нудиме и бесплатно прво „испукување“ на ранецот и едукативно запознавање.


 

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: BCA Float 22