Кошничката е празна!
Најпродавани

2019 Bianchi Via Nirone 7 Sora 9sp

2019 Bianchi Via Nirone 7 Sora 9sp
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност: 1
63,400ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

 
   - ИЛИ -   

Модел за 2019 година! Промотивно достапен во големина 55!

Одберете и Вие - Бјанки!
Одберете и Вие - повеќе од 130 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Спецификација:
Рам Via Nirone 7 alu, хидроформирани цевки, внатрешно спроведување на кабли, колче диам. 31.6mm
Гарнитура Fsa NO.8B/ZS4D
Шифтери Shimano Sora ST-R3000 2x9sp
Заден менувач Shimano Sora RD-R3000 SS
Преден менувач Shimano Sora FD-R3000 9sp
Пренос Shimano FC-R345-L 50x34 окталинк, курбла: 170мм
Средна осовина Shimano BB-ES300
Ланец Kmc X9 9sp
Касета Shimano CS-HG400-9 9sp, 11-12-14-16-18-21-24-28-32T
Кочници Reparto Corse RC-476
Тркала Reparto Corse ABR-1
Задна главина Formula RB-55 alloy
Предна главина Formula RB-72 alloy
Гума Vittoria Zaffiro 700x25
Стем Reparto Corse Alloy 6061, „рајз.“ +/-7°, 1.1/8", екст: 100мм-55цм
Волан Reparto Corse Compact, алу. 6061, диам. 31,8mm, голем: 420mm-55/59cm
Грипови Cork w/Bianchi logo
Колче Reparto Corse AL6061, 15mm офсет, диам. 31.6mm, должина: 350mm-50/63cm
Седло Selle Royal 280x145mm

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години! 
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – повеќе од 130 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi via nirone 7 sora