Кошничката е празна!
Најпродавани

2019 Bianchi Intenso 105

2019 Bianchi Intenso 105
Бренд: Bianchi
Код на производот: Bianchi
Достапност:Производот моментално го нема на залиха
144,500ден.
115,600ден.

Достапни опции


* Друмски велосипеди - големини::

Оваа верзија на Бјанки Интенсо, со Шимано 105 и во сјајна челесте боја, ќе биде достапна во нашиот продажен центар, од крајот на април, во две големини: 53цм и 55цм!
Одлична цена за резервација на големина - со 20% ПОПУСТ!
Повеќе инфо: info@outdoor.mk

Одберете и Вие - Бјанки!
Одберете и Вие - повеќе од 130 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Спецификација:
Рам  Intenso carbon
(1.1/8"- 1.5", внатрешно спроведување на каблите, компатибилност со механички и електронски менувачки компоненти,
Бјанки произведува 9 големини во овој модел - за што попрецизен избор за секој возач, за што подобри перформанси и комфор!)

Вилушка Bianchi Full Carbon w/Kevlar, 1.5" head
Гарнитура Fsa Orbit C-40-ACB
Шифтери Shimano 105 ST-R7000 2x11sp
Заден менувач Shimano 105 RD-R7000 GS 11sp
Преден менувач Shimano 105 FD-R7000-L
Пренос Shimano FC-RS510 50x34T, должина на курбла: 170mm- за 44/53cm, 172.5mm-55/59cm, 175mm-60/63cm
Средна осовина Shimano BB-RS500
Ланец Kmc X11-1 EPT finish, 11sp
Касета Shimano 105 CS-R7000, 11-12-13-14-16-18-20-22-25-28-32T
Кочници Shimano 105 BR-R7000
Тркала Fulcrum Racing Sport
Гуми Vittoria Zaffiro Pro Slick 700x25
Стем Reparto Corse Alloy 6061, агол +/-7°, 1.1/8", должина: 70mm/44cm, 90mm-47/50cm, 100mm-53cm, 110mm-55/57cm, 120mm-59cm, 130mm-61cm
Волан Reparto Corse Compact, алу 6061, диам. 31,8mm, ширина: 400mm-44/53cm, 420mm-55/59cm, 440mm-61/63cm
Трака Cork w/Bianchi logo
Колче Reparto Corse Alloy 2014 shaft, должина: 300mm-44cm, 350mm-47/63cm
Седло Selle Royal со канал, 280x145mm
Бидон Bianchi Loli 600ml
Држач за бидон Elite Paron Race composit

За BIANCHI

BIANCHI (Бјанки) е најстариот производител на велосипеди во светот, започнувајќи ја својата мисија во далечната 1885 година – со непрекинати иновации и пасија за постојан развој на велосипедизмот во овие повеќе од 130 години!
Сосема на кратко, Ви претставуваме дел од историјата на оваа компанија:

1885 - 1900
Младиот Едоардо Бјанки, отворајќи ја својата прва продавница во Милано, во 1885 година, почнува да работи на својата прва замисла: да го намали диаметарот на предното тркало (доведувајќи го што поблиску до големина на задното), да го избалансира „празниот од“ во движењето, воведувајќи ланец за придвижување и да ја симне висината на педалите. Со тоа тој  започнува со производство на првиот „модерен“ велосипед - безбеден велосипед за кој не се потребни „акробатски“ способности за негово возење и управување. Во 1888 година, Бјанки го произведува првиот велосипед со гуми на тркалата, а во 1895 година, по покана на Кралицата Маргарита, тој во кралскиот дворец го претставува првиот дамски велосипед. Веќе во 1899 година пак, Бјанки преку својот професионален тим, го постигнува и првиот спортски успех, кога Џовани Томасели победува на Гран Прито во Париз.

1900 - 1920
Вo 1913 година, Бјанки ја претставува најновата иновација: предна кочница во системот за кочење, а во 1915 година, произведен е велосипед за потребите на армијата: опремен со пошироки гуми од дотогаш вообичаените, рам на расклопување и со двојна амортизација. Ова е практично првиот планински велосипед со двојна амортизација – претходник на сите модерни верзии, а користен од војската во нивните акции од Алпите до пустините во Африка.

Во децениите што следуваат, Бјанки во конктинуитет, од година во година го „тресе“ светот на велосипедизмот, како со своите модели и иновации, така и на спортски план, во друмскиот и планинскиот велосипедизам, каде возачи во тимовите возејќи ги моделите на Бјанки победуваат неколкукратно на Светски првенства (пример: во друмски велосипедизам уште во 1953та година, а планински во 1991 година), Еворпски првенства, Олимпијади (пример: во планински велосипедизам во 1994 година), големи класици (пример: на Милано-Сан Ремо трката победа уште во 1914 година / повеќе од 15 победи во историјата), најголемите друмски трки (примери: на Џиро победа уште во 1911 година/ 8 победи во историјата; двајца возачи со победи на Џиро и Тур во иста година – Фаусто Копи и Марко Пантани...) итн, итн.

И денес, со пасија која не е стивната, Бјанки нуди пред се’ голема палета на модели – за сечии потреби и перформанси. Ви стоиме на располагање за совет околу избор на моделот кој би Ви бил потребен: info@outdoor.mk!

Одберете и Вие – Бјанки!
Одберете и Вие – повеќе од 130 години италијанска традиција и пасија во велосипедизмот!

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: bianchi intenso