Gaerne G. Tornado Carbon 8.0
Кошничката е празна!
Најпродавани

Gaerne G. Tornado Carbon 8.0

Gaerne G. Tornado Carbon 8.0
Gaerne G. Tornado Carbon 8.0 Gaerne G. Tornado Carbon 8.0 Gaerne G. Tornado Carbon 8.0
Бренд: Gaerne
Код на производот: gaerne
Достапност: 13
9,500ден.

Достапни опции


* EU број:

 
   - ИЛИ -   

Патики за друмски велосипедизам
Произведени во Италија - од Герне (Gaerne)

За моделот:
Ова е веќе докажан модел на Герне, со одличен однос на цена/квалитет: Боа систем на стегање со доживотна гаранција, карбонска основа со одличен индекс на крутост 8 - за што подобра искористиливост на вложената енергија при педалирањето...
 

За компанијата:
„Кој ќе ги носи нашите патики, треба да биде горд - затоа што нашето име значи квалитет без компромис“
Основана во 1962 година, од страна на Ернесто Гацола, Герне до ден-денес е пример за префинетост и за тоа што навистина значи тоа „Направено во Италија“! 
Вештина на врвни мајстори, ригорозна селекција на материјали и бескомпромисност во квалитетот, иновација и дизајн на нови и оригинални решенија: ова е философијата на брендот кој низ својата историја ја има основата на континуиран моментум и иновација, а резултат пак на тоа е меѓународен успех на производите и италијанскиот стил!


За БОА системот во овој модел
Не секој систем на затенување со салја е ист! Впрочем разликите се големи!
БОА системот доаѓа со доживотна гаранција и е репер за тие кои го имитираат, но не го достигнуваат ;)
БОА системот во овој модел овозможува вртење на стегата во еден правец: вртењето е кон напред и од двете страни - и служи за затегнување. За олабавување или соблекување на патиката, стегата само треба да се извлече нанадвор и со тоа се олабавува целиот систем/сајла.


За ѓонот:
GAERNE EPS CARBON POWER SOLE 8.0
Овој ѓон е направен од комбинација од најлон и карбон - кој гарантира оптимална крутост.
Малата дебелина гарантира кружно педалирање без губиток на енергија. Стабилноста на стопалото е зголемена благодарение на специјалната форма, а 5те канали за вентилација овозможуваат свежина внатре во патиката, а исто така има и додатоци во делот под прстите и петата кои штитат од пролизгување при одење. Задниот додаток може да се менува откако ќе се истроши. Позицијата на клитот може да се менува за дополнителни 9мм од претходните решенија, а во тој дел од ѓонот, исцртана е и скала со мерки по кои може да се запомни позицијата на клитот при неговото поместување/подесување како и менување. 
Ова е ѓон со одличен индекс на крутост 8.


За влошката:
Во овој модел се користи анатомска, перфорирана влошка - за оптимален комфор и вентилација.

Оцени го производот

Вашето име:


Коментар: Забелешка: HTML код не се парсира!

Оценка: Ниска оцена           Висока оцена

Внесете го кодот во полето подолу:



Клучни зборови: gaerne, carbon, tornado